17:01 - 25 ноември, 2026

Bonatti во Македонија со трендовска колекција за костими за капење лето ‘19 (ФОТО)

Српскиот бренд Bonatti ја лансираше својата трендовска линија на костими за капење за лето 2019 во продавниците низ Македонија. Летната колекција доаѓа во бои и форми кои ќе бидат апсолутен тренд оваа сезона, како за жените така и за мажите.

Колекцијата е со колорит на тиркизни тонови, преку беж-зелени принтови проткаени со златни детали до јако црвени бои, како и вечните класични модели од црно-бели и морнарски комбинации.

„Bonatti во Македонија на своите купувачи им овозможува попуст -30% на одредени модели на дел од новата колекција костими за капење и програм за плажа во нашите продавници во Скопје, Куманово, Охрид, како и преку нашата он-лајн продавница www.bonatti.mk. За нашите верни потрошувачи долната облека ја имаме и на намаление до 50%, така што имаме вистински сезонски попуст“ потенцира Драган Ангеловски, генерален менаџер за Bonatti во Македонија.

Брендот Bonatti се погрижи за сите генерации кои се љубители на едноделни, дводелни или троделни костими за капење, бикини, пуш ап-и или други кроеви.

Веруваат дека сите ќе ги најдат вистинските костими за себе меѓу новите модели за лето 2019.

„Пробајте ги новите модели со shape ефект, кои вашиот облик на телото ќе го направат идеален како што вие би сакале. Интересно е дека може да направите mix & match парчиња односно да имате слобода сами да ги комбинирате костимите за капење. Изберете го најдобриот модел и боја кои ќе ви претставуваат задоволство затоа што колекцијата на Bonatti е во бои кои се вистински тренд. Би сакале заедно да ја раскажеме модната приказна на нашиот бренд за ова лето и со нашите фустани, торби, пешкири и шешири за плажа“ додаде Марија Ангеловска, одговорна за комуникации во Bonatti.

Кампањата за ова лето се снимаше на бел песок и тиркизно сино море крај Индискиот Океан, на Малдивите, за која беа ангажирани познатите српски модели Бојана Крсмановиќ и Алекса Гавриловиќ, во продукција на Слбодан Пикула и асистентот Игор Павлковиќ. За стајлингот се погргижи Жељко Милосављевиќ а за шминката и фризурата Александар Џикиќ – Џиле.

Целиот асортиман на колекцијата можете да го погледнете на линкот https://bonatti.mk/online-shop/15.html

Повеќе од деценија, Bonatti е препознатлив бренд по употребата на пријатни материјали, пристапни цени, модерни и квалитетни модели на долна облека, програм за спиење и за на плажа. Започнале во Србија а денеска имаат продавници во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Словенија, Швајцарија, Шведска, Бугарија, Унгарија, Италија и Грција.

Слични објави

Скандал во Турција — приведена актерката која ја глумеше Ферхунде во „Кога лисјата паѓаат“

К.С.

(Фото) „Три и пол години бевме твојот мал свет“: Синот на Даниел Кајмакоски тргна во градинка

К.С.

Швајнштајгер ќе ѝ плаќа алиментација од вртоглави 45.000 евра месечно за синовите на Ана Ивановиќ

Еспресо

Гоца Тржан открива детали за концертите и хонорарите: „Менаџерската работа би ѝ ја препуштила на Лена“

Е.А.

(Фото) Лила Филиповска ужива во празничната магија на Париз — ноќно крстарење по Сена и божиќни светилки на Шанзелизе

К.С.

Николина Пишек доживеала сообраќајна незгода во Хрватска: „Се обиде да ми го одземе телефонот и побегна, беше видливо пијан“

Е.А.
Се вчитува....