24.8 C
Скопје
16:14 - 30 април, 2024

ЦЕЦА ЗНАЕ КАДЕ ПОГРЕШИЛА: Животот ме одведе од несакан до немил настан, но некако секогаш успевав да го најдам најдоброто можно решение

Најголемата балканска ѕвезда, Цеца Ражнатовиќ, зборуваше за теми за кои ретко зборува во јавноста. Фолкерката зборуваше за личната нега, диетите, стареењето, менопаузата, психотерапијата, како се чувствува како баба, какви се нејзините односи со снаата Богдана и како врската со Богдан Срејовиќ ѝ го подобри животот.

View this post on Instagram

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Иако е навлезена длабоко во својата петта деценија, Цеца изгледа подобро од било кога. Редовно се грижи за себе, посетува козметичар и секое утро има рутина што никогаш не ја прекинува.

Темпото на живот што го водиме ние пејачите е многу различно од она на луѓето кои работат во други професии. Ми се случува последниве месеци кога ќе се вратам дома од концертот, веќе е пет часот наутро, така што ми треба многу сон. Утрото, постојат правила што ги почитувам со години, тоа е таа утринска рутина, кога се миете, ја хидрирате кожата, а потоа може да започне појадокот, утринското кафе и денот – рече Цеца.

Стареењето, исто така, со себе неизбежно ја носи и менопаузата. Покрај физичките промени, многу жени во овој период се борат и со ментални проблеми и депресија.

-Засега не размислувам за менопауза. Што се однесува до психата, мислам дека разговорот со психотерапевт не е кошмар. Тоа се професионалци кои преку разговор можат да ни дадат храброст да се чувствуваме подобро и прават добри работи за нас. Животот ме одведе од несакан до немил настан, но некако секогаш успевав да го најдам најдоброто можно решение со себе. Во сето тоа, имав поддршка од пријателите, а особено од моето семејство.

Нејзината тежина не осцилира многу со возраста, по некој килограм горе -долу. Таа вели дека до неодамна била на диета, но дека сега малку се опуштила.

До неодамна бев на режим, но во моментов тоа е фаза кога, токму поради темпото на живот, не стигнувам да јадам на време и слободно можам да кажам дека малку се опуштив. Ми прија, но мислам дека брзо ќе „пресечам“ и ќе продолжам да гледам што внесувам во организмот.

View this post on Instagram

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Иако милиони ја обожуваат, таа вели дека може да смета само на една рака луѓе на кои може да се потпре среде ден или ноќ. Таа никогаш не жали за ништо, бидејќи, како што вели, нема од што да се покае.

Работите што поминаа не можат да се сменат. Знам каде згрешив, па се трудам повеќе да не правам такви грешки. Засега добро ми оди – со насмевка рече Цеца.

Факт е дека сите врски на Цеца беа со помлади мажи, а таа откри дали е така затоа што многу подобро се согласува со нив.

Апсолутно. Како поинаку? – рече таа за Нај жена.

Цеца е во врска со Богдан Срејовиќ, кој е девет години помлад од неа. Еве што ѝ донесе врската со згодниот белраѓанец,

– Сè што може да ѝ донесе на една жена врската со личност која ја разбира и поддржува во сите полиња на животот. Тоа е реткост денес – рече Цеца.

Слични објави

(Фото) Раста пуштен од болница на домашно лекување: А дома, изненадување!

еспресо

Јована Јеремиќ откри колку заработува за еден час: Јас сум деловна жена, плаќам некој да ми ја чисти бањата

Еспресо

Шокантно признание на Северина: Пред породувањето лежев на одделението за онколошки пациенти

Еспресо

(Фото) Богатството на Здравко Чолиќ е проценето на 25 милиони евра, а тој носи часовник од 2.000 евра!

Еспресо

(Фото) Никола Роквиќ не ја симнува насмевката од лице, еве со кого се сретна на патувањето

еспресо

Од што заработува Вељко Ражнатовиќ: Боксерот има приватен бизнис, живее во село

еспресо
Се вчитува....