21:05 - 7 ноември, 2026

Амбер по скандалот со поранешниот сопруг Џони Деп: „Ништо не можеше да ме подготви за 2020“

Актерката Амбер Хард (34) која во последните месеци беше во средина на скандалот, ја отвори душата во интервјуто за странските медиуми.

„Ништо не можеше да ме подготви за 2020 година, да се разбереме. Мислам дека не сум единствена која така мисли“, изјави таа зборувајќи за пандемијата на коронавирусот и судската битка со поранешниот сопруг, актерот Џони Деп (57) поради семејното насилство врз неа.

profimedia

Кога во март настапи пандемијата на коронавирусот, Амбер ја снимаше серијата „The Stand“ во која од последици од глобална пандемија на грип умираат 99 проценти од населението.

„Престанавме да снимаме на крајот на март, но сеедно морав повторно да одработам некои сцени кога се започна да се отвара“, објасни таа.

профимедиа

Нејзиниот поранешен сопруг, актерот Џони Деп неодамна ја изгуби тужбата против британскиот таблоид „The Sun“ кој објави дека тој ја злоставувал сопругата Амбер. Како тоа да не беше доволно, Деп на барање на продукциската куќа „Warner Bros“ беше принуден и да го напушти филмот „Фантастични ѕверки“.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....