9.8 C
Скопје
04:03 - 25 април, 2024

3 хороскопски знаци за кои мај ќе биде лош месец

Maj ќе биде најлошиот месец за Овните, Раковите и Стрелците. Но, тоа ќе ги направи многу посилни. Овој хаос најмногу е резултат од соларната еклипса. Соларните еклипси на некој начин ги одделуваат поглавјата од нашите животи. Ни даваат да завртиме нова страница, шанса да направиме неред, но и шанса за нов почеток. Погледнете што значи ова за овие 3 хороскопски знаци.

1. Овен

Овни, вашата кариера е во подем. Имате сe повеќе обврски, напорната работа ќе ви се исплати, а сега веројатно не се чувствувате премногу лошо. Но, на 15-ти мај делумната соларна еклипса може да направи промени. Може да предизвика напнатост помеѓу вас и вашите сакани, помеѓу вас и вашите колеги, и за жал помеѓу вас и вашиот шеф. Ова може да ве натера да размислите за начинот на кој работите. Ќе ви биде чудно, но ќе можете да се справите со тоа. Решавајте ги проблемите еден по еден, а вашата приземјена природа ќе ви помогне во тоа. Соларните еклипси значат и нов почеток, па ова не е време за опуштање.

2. Рак

Парите се нешто што последно ви паѓа на памет во овој период, но не треба да биде така. Можеби не трошите премногу, но не размислувате ни на штедење. Оваа финансиска мрзеливост може да предизвика проблеми во иднина. Делумната еклипса ќе ве натера да го промените начинот на кој се справувате со вашите пари, а може да се случи и некаква загуба. Научете се на скромност пред да се случи ова. Запомнете дека сето ова е со цел да се избегне катастрофа во иднина. Иако можеби ќе бидете „пократки“ со пари во мај месец, со тек на време ќе се откажете од навиките кои ве ставиле во таа ситуација.

3. Стрелец

На почетокот на месецот можно е да се случи некој конфликт во вашите романтични врски. Вие и вашиот партнер може да имате проблеми со комуникацијата. Ако сте сингл, може да се чувствувате навистина непријатно околу личноста што ви се допаѓа. А ако нема таква личност, може да бидете фрустрирани за вашите опции. Без разлика на вашиот статус, ова е важно време да размислите што навистина сакате кај партнерот на долгорочен план. Вашиот љубовен живот ќе се подобри благодарение на лекциите што ќе ги научите овој период. Кон крајот на мај, работите ќе тргнат на подобро. По 18-ти мај ќе се чувствувавте многу поудобно во вашата кожа.

Слични објави

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Нина Бадриќ си ја отвори душата: Платив висока цена, психопати пробаа да ме малтретираат

Еспресо

Исчезна од сцената поради неизлечлива болест: Селин Дион искрено проговори за тешката борба

Еспресо

„Татко ти те научи да бидеш добар човек“: Српски свештеник го угости пејачот Никола Роквиќ

Еспресо

(Фото) „Доста ми е веќе, ќе полудам“: Се огласи Џина Џиновиќ од велелепната вила, покажа што ја мачи

Еспресо

(Фото) Тргна пеш за Грција: Никола Роквиќ откри колку пари собрал за три дена

Еспресо
Се вчитува....