7.8 C
Скопје
01:00 - 21 април, 2026

ВИДЕО | Ова е најсреќното племе на светот: Живеат надвор од цивилизацијата и силно веруваат дека ако заспиете може да се разбудите како друг човек

Во Амазонската џунгла се крие племето Пираха со околу 400 припадници познато како најсреќното племе на светот.

И покрај утврденото мислење дека спиењето е добро за човечкиот организам, овие необични луѓе сметаат дека е штетно и истото те прави слаб и ранлив. Силно веруваат дека ако заспиете може да се разбудите како друг човек, па затоа и не би ризикувале.

Исто така веруваат дека колку помалку спиете, толку подолго ќе живеете. Дури и кога спијат, тие не легнуваат во кревет, а веднаш штом се разбудат продолжуваат со нивните дневни обврски.

Во нивниот јазик нема збор за повеќето броеви. Овие изолирани припадници на бразилското племе ги користат концептите на „еден“, „неколку“ и „многу“, откриваат американски научици.

За племето Пираха нема временски одредници, нема минато и иднина. За нив постои само сегашноста.

Не користат датуми, денови од неделата, па дури ни календар, а јадат еднаш или два пати дневно. Нив им се познати три типа на односи: тој со детето, тој со родителите и со браќата и сестрите. Не постои никаква хиерархија, а воедно нема криминал и кражби.

Никој од припадниците на племето не поседува имот. Истражувачите кои ги посетиле велат дека тие спонтано пеат во ноќта, а низ тоа веруваат дека сонот и јавето се еднакво важни.

Лингвистите во светот се воодушевени од необичниот јазик на племето Пираха. Уште еден интересен податок е дека во јазикот со кој се служат имаат само три самогласки и седум согласки. Ги нема заменките „јас“, „ти“, „тие“, па ни одредниците за „лево“ и „десно“. А, пак користењето на сложени реченици не се ни случува.

За нив не постои концептот на стареење бидејќи не им е позната човечката анатомија и веруваат дека душата едноставно патува од едно тело во друго. Затоа, еднаш на шест или осум години, членовите на племето ги менуваат своите имиња кои во себе содржат некаква назнака за старост, за да може да се одреди дали станува збор за дете или возрасен човек само по името.

Највисокиот идеал за ова племе е рамноправноста. Сите се еднакви и немаат поглавар. Никој не е подобар или полош, едноставно се сите исти.

Иако имале прилики за тоа, ниту еден член од племето Пираха нема зачекорено во модерниот свет.

Погледнете го видеото:

Слични објави

(Фото) Ана Ивановиќ позираше без шминка и босонога и покажа каков педикир избира оваа пролет

Еспресо

(Видео) Маја Шупут за првпат проговори за загубата на својот татко: „Две години по неговата смрт не можев да одам на гробишта“

Еспресо

„Девојка ми ја раскрвави главата“: Бресквица доживеала непријатна ситуација на настап

Еспресо

Харис Џиновиќ ја „избриша“ ќерката Џина: Откако присуствуваше на свадбата на Мелина со милионерот, пејачот изненади со изјавата

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството на Ѓани! Неговиот внук наполни четири години

Еспресо

(Фото) Ана Бекута во Македонија со посебен повод, Марјана Станојковска ги откри деталите

Еспресо
Се вчитува....