11:01 - 7 ноември, 2026

Поради коронавирусот култниот магазин Плејбој повеќе нема да излегува во печатено издание!

Како резултат на светската пандемија поради коронавирусот, Плејбој објави дека  повеќе нема да го издава своето печатено издание, пренесува Метро.

Во соопштението на Плејбој стои дека имаат потешкотии со работата, како резултат на вирусот, па поради тоа повеќе нема да излегува печатеното издание на магазинот.

Најпознатиот машки магазин отсега ќе постои само во онлајн форма.

Магазинот го основаше легендераниот Хју Хефнер, кој почина пред три години.

Во 1953 година, Хефнер го заложи намештајот, зема хипотека и кредит од банка од 600 долари, потоа успеа да собере 8.000 долари од 45 инвеститори, за да го основа познатиот магазин.

Магазинот на почетокот требаше да се вика „Stag Party“, но поради постоењето на магазин со слично име, Хефнер го одбра името Плејбој.

Слични објави

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.

Барате квалитетна клуб маса? Искористете ги октомвриските попусти во Wood room

Еспресо
Се вчитува....