18:07 - 18 ноември, 2026

ОБОЖАВАТЕ САНДАЛИ? Средете ги стапалата во два едноставни чекори

Грубата кожа на стапалата освен што е естетски проблем, може да предизвика и многу болки доколку почне да пука.

Негата на стапалата е задолжителна преку целата година, а особено треба да обрнете внимание во лето, кога сакате да носите отворени сандали, апостолки или модерни влечалки.

Првиот чекор во негата е нанесувањето хидратантна крема барем двапати дневно, која содржи уреа и салицилна киселина. Овие состојки помагаат во омекнување на грубата кожа, а потоа и во нејзино отстранување.

Вториот чекор е купката. Применувајте ја секој ден пред спиење. Додадете средство за омекнување на стапала во топла вода и потопете ги околу десет минути. Потоа направете пилинг со помош на камен или турпија. По пилингот намачкајте маслена крема и откако ќе се впие поголемиот дел, обујте тенки памучни чорапи и преспијте со нив.

Слични објави

Таблета за машина за садови во бањата — дали трикот навистина ги отстранува белите траги од туш-кабината?

К.С.

Дали греењето треба да работи цел ден или да го вклучувате по потреба? Експертите објаснуваат како да заштедите

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо
Се вчитува....