Фитнес-тренерот, инфлуенсер и водител Вук Вукашиновиќ остро реагираше на изјавите на пејачката Сека Алексиќ за нејзиното слабеење. Тој смета дека е неодговорно јавно да се претставуваат лековите за слабеење како здрави, особено кога станува збор за нивната употреба кај помлади лица.
Сека во неколку наврати зборуваше за процесот низ кој поминала за да ослаби, откривајќи дека успеала да симне дури 22 килограми. Нејзините последни изјави, сепак, предизвикаа бурни реакции.
View this post on Instagram
Вукашиновиќ објави видео на својот профил на социјалните мрежи во кое реагираше на нејзиното објаснување за користењето лек за слабеење. Тој истакна дека ретко коментира изјави на други јавни личности, но овојпат решил да направи исклучок бидејќи смета дека станува збор за тема за која јавноста треба да биде правилно информирана.
„Избегнувам да коментирам што зборуваат другите луѓе, особено оние од домашната јавна сцена, но оваа глупост морам да ја искоментирам. Ова сите мора да го знаат“, порача тренерот пред да ја пушти снимката од пејачката.
Пејачката претходно раскажа дека во јануари ѝ била дијагностицирана инсулинска резистенција, по што ендокринолог ѝ го препорачал лекот Вегови (Wegovy), кој се применува еднаш неделно.
„За ова веќе зборував јавно. Во јануари отидов на ендокринолог, ми открија дека имам инсулинска резистенција и таа ми го препорача лекот Вегови. Се користи еднаш неделно и од јануари досега ослабев 22 килограми. Тоа е единствениот толку здрав лек од сите што моментално се пласираат. Исто така, тоа е единствениот лек што можат да го користат и деца од 13 години. Затоа им препорачувам на сите да направат крвни анализи, да посетат ендокринолог и, доколку лекот е соодветен за нив, лекарот ќе им го препише. Никако не треба да го земаат на своја рака. Исхраната сама се регулира затоа што од лекот немате апетит“, изјави Сека.
Токму делот во кој пејачката го опишува лекот како здрав и ја споменува можноста за негова употреба кај деца од 13 години особено го вознемирил Вукашиновиќ.
Тој смета дека ваквите тврдења можат да испратат погрешна порака до јавноста и дека лековите за слабеење не смеат да се претставуваат како безопасни.
„Можеби и немаше да го коментирам ова доколку не се запрепастев кога слушнав дека ова е здрав лек и дека децата од 13 години можат без проблем да го користат. Еј, 13 години! Кога некој ќе ми пише дека има дете, буцкасто 13-годишно дете, му давам број од мој пријател, тренер по кошарка, па нека одат децата на спорт. Какви планови за исхрана, какви инјекции, какви лудости? Нема здрав лек, тоа мора да се знае. Не смее така да се зборува дека е здрав“, изјави тој.
Тренерот потоа употреби необична споредба за да објасни зошто смета дека инјекциите за слабеење не треба да се сфаќаат лесно.
„Лековите служат за прикривање на симптомите и тоа можеби е во ред кога ќе те заболи глава, па ќе испиеш лек за да продолжиш понатаму. Но овие инјекции против дебелеење се како да одиш на риболов со динамит и да фрлиш бомба во морето. Ќе уловиш риба, но ќе го уништиш целиот жив свет во морето, ќе настрадаат и рибарот и неговата дрвена куќа, а ти ќе јадеш риба полна со барут. Токму такво е чувството. И ова има сериозни несакани ефекти“, објасни Вукашиновиќ.
На крајот, тренерот порача дека вишокот килограми и инсулинската резистенција треба да бидат причина за промена на животните навики, а не повод за барање брзи решенија.
Тој посебно ја истакна одговорноста на познатите личности, кои со своите јавни настапи можат да влијаат врз голем број луѓе и да ги поттикнат да донесуваат одлуки за сопственото здравје.
„Дебелината и инсулинската резистенција се знаци од телото дека нешто треба да се промени. ако се навикнувате на идејата дека лошиот начин на живот се решава со инјекции, особено на млади години, тоа порано или подоцна ќе ве одведе во пропаст.
И трето, госпоѓата од снимката има сериозно влијание и голема видливост. Немам што да ѝ порачам нејзе, ниту тоа ми е целта, но на сите им посакувам што подобро да размислуваат со своја глава, да не бараат кратенки во животот и да им се посветат на работите како што треба, затоа што ова не е прашање од животно значење, туку прашање на самиот живот“, заклучи Вукашиновиќ.
