Турската актерка Бергузар Корел објави фотографии од Лондон, а нејзината опуштена модна комбинација со зелена јакна, црвена капа и широки фармерки е одлична инспирација за секојдневните есенски прошетки.
Познатата Шехерезад од серијата „1001 ноќ“ на Инстаграм сподели неколку фотографии од патувањето, покрај кои стави емотикон срце.
Таа позираше пред пабот „Голден игл“ во лондонската населба Мерилебон, а објавата содржи и фотографии од есенски парк, колачи од една пекарница и влезот на метро-станицата Нотинг Хил Гејт.
View this post on Instagram
Основата на модната комбинација е маслинесто зелена јакна, со големи џебови и патент. Под неа носи црвен плетен џемпер со патент и бела кошула.
Црвената боја ја повторува и со плетената капа од брендот „Поло Ралф Лорен“. Комбинацијата на зелената и црвената боја ѝ дава благ празничен шмек, кој одлично се вклопува со украсените фасади на лондонските улици.
За долниот дел избрала темни широки фармерки со високо подвиткани ногавици, под кои се гледа посветлиот раб. Ги комбинирала со кафени чевли од превртена кожа, со врвки и подебел ѓон, удобни за целодневно пешачење низ градот.
Изгледот го надополнила со ранец со препознатливиот монограмски дезен на „Луј Витон“, очила за сонце, златни прстени и часовник.
За сличен стил доволни се јакна во зелена или кафеава нијанса, црвена плетена капа и џемпер, широки темни фармерки и удобни кафени чевли. Клучот е во еден впечатлив детаљ во боја, додека остатокот од комбинацијата останува во неутрални, земјени тонови.
