20:50 - 28 ноември, 2026

Кралицата Ранија од Јордан е неприкосновена модна владарка: Овие трендови ги обожава!

Прекрасната кралица од Јордан, Ранија, не се откажува од своите основни модни одлики – да спои старински женствени парчиња, но сепак целата комбинација да изгледа модерно и инспиративно. Таа ја следи модата и сака скапи парчиња, но не е секогаш тоа доволно за да изгледа одлично стилизирано.

Еве некои од трендовите кои годинава ги владееше кралицата Ранија од Јордан:

1. Етно детали

Пред само неколку дена кралицата Ранија со својот сопруг во Аман ја прослави 74-годишнината од прогласувањето на независноста, а за таа прилика облече долг бел фустан со кобалт сини етно везови. Етно деталите се и оваа година голем моден тренд, па затоа за оваа сезона одберете макси фустан или мини варијанта, кошула во овој стил. Нема да згрешите.

инстаграм

2. Сафари

Кралицата Ранија никогаш не го изоставува сафари стилот – како и секоја модна владетелка така и таа знае дека е незаменлив. Но, оваа нејзина комбинација ги надминува сите претходни. Совршен крој на килоти панталони и сако на дупло закопчување, прекрасната кралица го пополни изгледот со беж салонки од превртена кожа со средна штикла.

Профимедиа

3. Бел фустан 

ЕПА

4. Црно од глава до пети

Профимедиа

5. Вечерно издание на кралицата Ранија

Кралицата Ранија од Јордан секогаш во свечените прилики носи креации кои оставаат без здив. Необичен спој на кобалт сино здолниште со вез и бронзена блуза со интересна јака. Кралицата изгледа песпрекорно.

инстаграм

Слични објави

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст — што е убаво да направите во чест на големиот светител?

К.С.

(Видео) Четири и пол часа во воз без греење: Зарина Првасева со апел за достоинствен железнички превоз

Еспресо

Не дозволувајте попустите да ви го испразнат паричникот — како паметно да пазарувате на Црн петок?

К.С.
Се вчитува....