20:54 - 8 ноември, 2026

Кинси Волански во полуголо издание му оддаде почит на Коби Брајант (ФОТО)

Кинси Волански стана позната откако го прекина минатогодишното финале во Лигата на шампионите, на тој начин што се појави на терен речиси гола, а сега направи слична работа.

Овојпат, Кинси тоа го направи со цел на еден бизарен начин да му оддаде почит на неодамна починатиот кошаркар Коби Брајант.

Познатата 23-годишна Русинка овојпат за своето сценарио одбра скијашка стаза, каде го покажа своето голо тело и секако натпис во рацете на кој пишуваше „RIP KOBE“.

Волански се појави на стазата пред самиот крај на трката на Италијанецот Алекс Винасер, кој подоцна на социјалните мрежи објави интересна фотографија и опис во кој се пошегува дека има нова девојка.

Во тој момент, Италијанецот го славел првото место во слалом, а потоа сфатил дека прва до целта всушност стигнала привлечната Волански, која го попречила системот за мерење на времето.

Иако на многумина целото ова и било интересно, Волански повторно наиде на мета на критики кај јавноста, поради овој несекојдневен начин да се оддаде почит на загината личност, притоа со цел повторно да го сврти вниманието кон себе и да ги покаже своите облини.

 

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.
Се вчитува....