11.8 C
Скопје
00:47 - 3 мај, 2024

Не верувајте во сѐ што ќе прочитате за слабеењето

Ако сте склони кон дебелеење, тогаш најверојатно досега сте се обиделе со десетици најразлични диети, со кои сте постигнале повеќе или помалку резултати.

Лошите резултати, кога станува збор за диета, најчесто се базираат на лошиот избор на храна, бидејќи секоја диета различно влијае врз различните луѓе. Има голема вистина во тоа дека секој човек е различен. Па така, од некоја диета некој слабее брзо, а со истата друг не ослабува ни килограм.

„Оваа диета секому му одговара“, е реченица што често може да се слушне. Но, дали навистина е така?
Секој организам различно реагира на одреден тип храна. Ова е вистината. Ако навистина ја изнајдете соодветната диета на вас (која зависи не само од храната што ја внесувате, туку и од тоа дали имате одредени заболувања, дали целиот живот имате вишок килограми, како и какви се вашите дневни активности), килограмите ќе почнат многу брзо да се топат. Но, ако одбраниот начин на исхрана не соодветствува со вашиот организам, во тој случај само непотребно ќе гладувате. Резултатите нема да ги задоволат вашите очекувања.

Најчесто, кога станува збор за слабеење, се советуваат првото нешто што ќе го исклучите од исхраната да бидат тестенините (лебот, макароните, шпагетите, јувките, тараната), потоа шеќерот, јајцата и месото.
Но, тоа не е точно. Постојат луѓе што ослабеле иако редовно ја внесувале оваа храна во своите оброци.
За да бидете здрави, навистина треба ваквата храна да престанете редовно да ја јадете, но во никој случај немојте да се доведувате во ситуација комплетно да се откажете од неа. Слободно можете да си најдете соодветен начин на исхрана што првенствено вам ви одговара и во кој ќе имате еден ден во кој ќе јадете благо и леб, а друг ден месо.

Не верувајте во сѐ што ќе прочитате

Во последно време сѐ почесто се зборува за слабеење и здрав начин на исхрана. Како последица на ваквата заинтересираност сѐ почесто можат да се прочитаат написи со ваква или слична тематика. За жал, сѐ што ќе прочитате, не мора да биде точно. Затоа внимавајте што читате и дали она што го пишува е соодветно за вас, за вашето тело и за вашиот интензитет на живеење и делување.
Ако ви е потребно стручно мислење или некој совет околу тоа како линијата да ја доведете до совршенство, сѐ што треба да направите е да побарате совет од стручни лица.
Нутриционистите ќе ви изготват конкретен режим на исхрана кој е наменет само за вас и со кој нема да си предизвикате штета по здравјето, а истовремено ќе го намалите и вишокот килограми.

Слични објави

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

Велика среда: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Велики вторник: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Велигденско јајце-чувар на домот: Што да направиме со стариот чувар на куќата кога вапсаме ново „прво јајце“

еспресо

Велики понеделник: Што не треба да се прави на првиот ден од Страсната недела

еспресо
Се вчитува....