Верица Китанова од Струмица, позната како „македонската Барби“, откри дека кога нејзиниот сопруг првпат ѝ пишал, била убедена дека зад пораката стои лажен профил.
За нивното запознавање раскажа во објави на Инстаграм од Париз, каде што одговараше на прашања од следбеничките.
Китанова вели дека тој првпат ѝ пишал во 2021 година, а повторно ѝ се јавил во 2024 година. Пред да се сретнат, се допишувале три недели. Првиот состанок ѝ го сменил впечатокот, а денес вели дека на шега го нарекува по двајца познати претприемачи.
„И до ден-денес, тој е НАЈИНТЕЛИГЕНТНИОТ маж што го познавам. Го викам Џеф Безос и Илон Маск“, напиша Китанова.

Кога ја прашал што би ѝ требало за да се пресели кај него, таа му набројала фрижидер полн со протеини, опрема за вежбање, личен тренер и свилени чаршафи. Според нејзиното раскажување, тој ѝ обезбедил сè што побарала, а таа се преселила кај него веќе по третиот состанок.
Китанова откри и дека сопругот има 37 години и е девет години постар од неа.
Неговиот идентитет го чува во приватност.
Главната свадбена прослава се одржа на 7 септември на грчкиот остров Санторини, во присуство на 83 гости. По свадбата, двојката отпатува на меден месец во САД.
