16:02 - 11 ноември, 2026

(Видео) Мина Костиќ им возврати на колегите по обвинувањата за кражба: „Љубомората е чудо!“

Пејачката Мина Костиќ конечно проговори за обвинувањата дека наводно украла предмети, кои неодамна се појавија во јавноста. Таа првпат јавно се осврна на случајот, но не ги криеше ниту разочарувањето и лутината кон колегите за кои смета дека стојат зад приказната.

Костиќ не сакаше да навлегува во детали, ниту да се оправдува пред јавноста, а наводите ги нарече бесмислици.

„Не сакам ништо да коментирам за тоа. Зарем навистина веруваш во такво нешто? Тоа се глупости, некои луѓе и некои колеги кои… Тоа се колеги кои не заслужуваат ни да ги спомнам, а и не ги познавам“, изјавила пејачката.

На забелешката дека е важно ваквите информации јавно да се демантираат, таа одговорила дека нема намера никому да му се правда.

„Немам зошто да му се правдам на кого било. Сè решив таму каде што требаше, така што ова навистина нема никаква врска со реалноста… Љубомората е чудо“, порачала Костиќ.

Покрај обвинувањата за кражба, пејачката се осврнала и на свадбата со својот партнер Каспер, за која неодамна се појавија информации дека наводно веќе е закажана.

Таа открила дека сè уште размислува за изгледот на венчаницата, но има прилично јасна замисла за тоа што би сакала да облече.

„Можеби нема да биде бела, туку во боја на слонова коска. Тоа ми е прекрасно, така што венчаницата ќе биде – чао, пријатно! А потоа ќе облечам некој фустан во кој ќе можам нормално да се движам и да се однесувам“, открила пејачката.

На прашањето кој би сакала да пее на нејзината свадба, Костиќ веднаш го спомнала името на хрватската пејачка Нина Бадриќ.

„Веќе ангажирав пејачи, но моја желба би била Нина Бадриќ“, рекла таа во разговор за „Радио хепи“.

Слични објави

(Фото) Бресквица сподели романтични кадри со партнерот од Дубаи – пејачката блеска на ноќно излегување

Еспресо

(Фото) Ќерката на Даниел Кајмакоски наполни две години, за роденденот си доби торта со Том и Џери

К.С.

(Фото) Стојне Николова во впечатлива бордо креација: Пејачката го покажа својот гламурозен изглед на „Роса фест“

Т.Ц.

(Фото) Проѕирна црна кошула и широка насмевка: Анастасија Ражнатовиќ направи пауза од мајчинството и излезе во Мадрид

Еспресо

Водителката Сања Савеска со ново видео повторно ја разгоре љубопитноста за својот љубовен живот: „Зошто сум сингл?“

Еспресо

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо
Се вчитува....