Една од најпознатите актерски двојки во регионот, Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ, веќе полни 17 години чекорат заедно, градејќи хармоничен семеен живот подалеку од скандали, заедно со нивните две ќерки, Вера и Мила.
Во едно од своите ретки и искрени телевизиски гостувања, Слобода отворено прозборе за брачната динамика, предизвиците и вредностите кои се изгубени во современите односи:
„Тајната на мојот брак е што не водам туѓи животи, па затоа ваљда ни другите не се мешаат во мојот брак. Луѓето денес го изгубија смислот кога е љубовта во прашање. Приматот го зедоа Фејсбук, Инстаграм и, секако, парите“, порача актерката.
Таа ја истакна и важноста на меѓусебното почитување и соодветното користење на женската мудрост:
„Кај нас се изгуби тој однос, тоа почитување кон сопругот. Многу сме брзи на јазик, а тоа нè чини. Мислев дека нам, жените, по природа ни е дадено да бидеме мудри, а ним им е дадена сила. Се чини дека тоа малку повеќе го користиме за да се надмудруваме со зборови, да бидеме ние јаки, а не треба“, заклучи Слобода, нагласувајќи дека нејзиниот сопруг, кој е постар десет години, со својата смиреност честопати ја балансира секојдневната динамика во куќата.
