19:02 - 11 ноември, 2026

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Пејачот Жељко Бебек отпатува во Стокхолм, Шведска, а друштво на патувањето му прават сопругата Ружица и ќерката Катарина.

Ружица Бебек на социјалните мрежи сподели фотографии од семејното патување, придружени со кратка порака: „Нашето мало патување“.

Среќното семејство позираше покрај знаменитостите на Стокхолм. Нејзината објава набрзо предизвика воодушевување кај бројните следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ruzica Bebek (@pahuljicabebek)

Инаку, брачниот пар е заедно веќе 24 години, а пејачот претходно го сподели своето гледиште за долговечноста и среќата во бракот.

„Најпрво, во животот е важно да имаш среќа, да направиш добар избор, но и ти да бидеш добар избор за другата страна. Потоа, со таа свесност, секој ден продолжуваш да докажуваш дека и понатаму го сакаш тоа, па дури и повеќе. Кога го даваш најдоброто од себе, имаш можност да го добиеш и сето она што може да се добие. Така секој ден си сè посреќен и посреќен, особено кога ќе се создаде семејство, кога и во тоа имаш среќа и, секако, со Божја помош, имаш здравје“, изјавил тогаш музичарот за „Story“.

Слични објави

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо

(Фото) Од сомнеж за лажен профил до свадба на Санторини — „македонската Барби“ раскажа како го запознала сопругот

apostolova

Ива Бојановиќ без влакна на јазикот за помладиот дечко на Дара Бубамара: „Како да му е другар на син ми, не би можела!“

Еспресо

(Видео) Мина Костиќ им возврати на колегите по обвинувањата за кражба: „Љубомората е чудо!“

Еспресо

(Фото) Бресквица сподели романтични кадри со партнерот од Дубаи – пејачката блеска на ноќно излегување

Еспресо
Се вчитува....