11.8 C
Скопје
09:44 - 18 октомври, 2026

Мали секси трикови за посилен оргазам

Колку и да мислите дека сексот со партнерот ви е добар, секогаш може да стане уште подобар, со подобар и поинтензивен оргазам. Нешто сменете, нешто додадете и веќе имате услови за многу пожешки мигови во спалната соба.

Искористете ја перницата

Перницата може да ви помогне секоја секс поза да ви биде поудобна и да ви овозможи да искусите нови видови задоволства. Ставете ја под грбот или стомакот за да го промените аголот на пенетрација. Задоволството ќе биде загарнтирано поголемо.

Облечете чорапи

Можеби чорапи во кревет не звучи баш како секси идеја, но сексолозите тврдат дека благодарејќи на фактот што тие имаат моќ да ја регулираат температурата на целото тело, може да нè доведат до врвни, претходно неискусени задоволства.

Игри со врзување

Со помош на малку фантазија, неговата кравата или вашата марама можат да постанат одличен секс-реквизит. Врзете му ги рацете или очите кога најмалку очекува и ќе разбудите вистински сексуален ѕвер. Потоа заменете ги улогите.

Не заборавајте на бакнежите

Кога ќе почувствувате дека се приближувате до оргазам, погледнете го партнерот во очи и почнете страсно да го бакнувате. Ова ќе ве доведе до многу посилно задоволство, кое ќе го почувствува и партнерот.

Променете ја просторијата

Креветот е удобен, но постојат толку други можности – масата, шанкот, каучот, туш-кабината… Испробајте нешто ново, сигурно нема да зажалите.

Слични објави

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо

„Немам време за себе“ – реченицата со која полека се ставаме на последно место

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо

Направете го ова со радијаторите пред почетокот на грејната сезона — може да ви помогне да заштедите на сметките

К.С.
Се вчитува....