15.8 C
Скопје
10:35 - 27 април, 2024

КАКО ДА ПРИВЛЕЧЕТЕ СРЕЌА И ПАРИ: Фенг шуи трикови за китење елка и празнично украсување на домот

Ако вашата новогодишна елка е во северниот дел од собата, никако не ставајте ѝ црвени лампиони и украси!

unsplash

Оние кои веруваат во фенг шуи тврдат дека ако сакаме да имаме хармонична година, тогаш елката треба да ја поставиме во горниот лев агол од домот бидејќи тоа место „привлекува богатство“. Ако ја поставите пак, елката во центарот на собата, ќе ја стабилизирате енергијата. Од друга страна, не треба да ставате елка во близина на влезната врата или во ходникот, бидејќи тоа го блокира протокот на животната енергија.

(РЕЦЕПТ) СЕ ЈАДАТ, ПРЕСЛАТКИ СЕ: Новогодишни колачиња – украси за елка Џинџербред

Приврзаниците за фенг шуи понатаму тврдат дека елката треба да биде украсена со стаклени украси во сина, бела, сребрена и златна боја доколку елката се наоѓа  во северниот дел од домот, додека елката поставена на запад или северозапад треба да биде украсена со украси во бела, сребрена, златна или жолта боја, а предупредуваат дека црвената боја во овој случај е забранета.

Доколку сте решиле да поставите елка во југозападниот или североисточниот дел од собата, украсете ја со украси во црвена и жолта боја, а пожелно е тие да бидат керамички, а треба да ја избегнувате белата и сребрена боја.

Она што е особено важно е секој член од семејството да закачи на елката барем по еден украс, зашто така ќе си постави и сопствена енергија. 

unsplash

Што се однесува пак, до декорација на домот – добро би било да доминира зелената боја, особено нејзината темна нијанса, бидејќи ќе ја впие негативната енергија, вклучувајќи ја и нервозата, а ќе штити од кавги во домот. Па така, без разлика дали ќе се одлучите за покривки за маса, венчиња, свеќи или фигури, темнозелената боја е секогаш одличен избор за разубавување на просторот и истовремено привлекување позитивна енергија и среќа.

(ФОТО) Како започнал трендот за китење елка

Не избегнувајте сјајни и блескави украси – тие симболизираат слава и престиж, а светилките симболично го претставуваат огнот, што значи придонесуваат за добро здравје.

За среќа, божиќна ѕвезда или друг жив цвет засаден во земја треба да поставите во средина на собата.

Украсите – ангели пак, треба да ги поставите лево од влезната врата. На тој начин ќе обезбедите помош од драги луѓе.

unsplash

Во десниот агол пак, спротивен од влезната врата, ставете две миризливи свеќи или украсни свеќи. На тој начин ќе си обезбедите празнични денови полни со љубов и разбирање. Најдобри бои за свеќи кои привлекуваат љубов се розова и црвена.

(ФОТО) МЕРИ МРМАЧОВСКА, ДОБРАТА ВИЛА НА ПРАЗНИЧНАТА СЕЗОНА: Нека е и мала елката, најволшебна е кога е природна, а потоа засадете си ја надвор!

Слични објави

(Фото) Силни зборови на Драгана Мирковиќ по разводот: „Многу сум посилна отколку што мислев, се сакам новата себе!“

еспресо

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Астропрогноза за сабота, 27 април: Важно познанство за Лавовите, многу среќа за Скорпиите

еспресо

Среќлии во љубовта: Два хороскопски знаци ќе доживеат возвишена љубов во мај

еспресо

Кој е владиката Иларион кој го предводеше погребот Бојана Јанковиќ: Глумеше во популарна серија, па се замонаши

еспресо

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо
Се вчитува....