19.8 C
Скопје
11:03 - 29 септември, 2026

(ФОТО СТОРИЈА) ЛИНА АНТОСКА ГИ ОВЕКОВЕЧУВА ЦВЕЌИЊАТА И ПРИРОДАТА: Отсекогаш ми фалел цветниот пејсаж откако ќе намине студот

Дизајнерка и уметница, прилепчанката Лина Антоска, студентка на факултетот за Ликовни уметности во Скопје, ни носи сосема поинаков пристап кон накитот, предметите, сликите и  украсите, уникатни приказни со епоксидна смола која лесно се чисти и не привлекува бактерии, отпорна на жештина и не се крши. Во нејзините рачно изработени колекции (кои може да ги погледнете на нејзината Фејсбук страна Природна уметност – ТУКА), акцентот е на природното, инспирирана токму од природата, од хармонијата на природата, од – како што вели – нејзините истовремено совршени и слободни форми, боите и нивните комбинации.

Имено, Лина пробува во секоја изработка да овековечи нешто природно, најчесто тоа се цветови, но користи и глина, земја, песок, камчиња, лисја, овошје, зеленчук, дрво, зрна кафе…

фото-приватна архива

Освен накит, што изработуваш?

– Освен накит изработувам и држачи за накит, како и даски и подметачи, чанти, декоративни домашни предмети, уметнички слики.

Во тек е есенската сезона, а пред нас е зимата, кои се најчестите есенски и зимски мотиви кои ги употребуваш?

– Периодов најмногу употребувам растенија кои цутат во есен, употребувам поладни бои, делови од зимзелени растенија, како и памук… Користам сè што во периодот е достапно во природата, така ја истакнувам убавината на секоја сезона.

Од кого го научи занаетот?

– Отсекогаш ми фалел цветниот пејсаж откако ќе намине студот, подолг период истражував како може да се презервираат сите тие прекрасни цветови. По извесен период наидов на епоксидната смола. После многу грешки и со големо трпение, труд, желба и огромна поддршка од мојот партнер Филип, успеавме да го совладаме занаетот. Тој по професија е дрводелец, така, заедно се надополнуваме и си помагаме. Нормално, имаме уште многу за учење и експериментирање.

Какви се трендовите на накит за празничната сезона?

– Според мене природата никогаш нема да излезе од тренд, таа е бесконечна. Целта ми е да создавам долгорочни изработки.

Кои се твоите следни предизвици?

– Во моментов работам на нови дизајни на ташни, со нив навистина можам да се пофалам, некако се вљубив во првата пробна што ја направив…

Долго време веќе планирам да сликам врз секој слој на смолата, така што ќе добијам некој вид на 3Д ефект, како и масивни маси со епокси и мини сцена овековечена во нив…

Изминатава недела експериментирав сликајќи со глина, со што се добива релјефна површина. Навистина ќе ми биде предизвик да направам помали вакви формати, финалниот производ да биде накит.

*

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТО ГАЛЕРИЈАТА:

(ФОТО СТОРИЈА) ВРЕДНИТЕ РАЦЕ НА НИКОЛИНКА: И за дворот се грижат од душа и украсни црквички изработуваат

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

(ФОТО) УМЕТНИЦАТА ИВЕТ НИ НОСИ ПРАЗНИЧНА МАГИЈА: Сосема посебни лампиони и куклички

Слични објави

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Сања Вучиќ ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“: Откри дали се слушнале по нејзиното заминување

Еспресо

„Еве ме пак“: Каролина Гочева повторно ужива во Прага

Еспресо

Дневен хороскоп за 29 септември: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

(Видео) Теа Таировиќ го освојува светот: Хитот „Балканија“ одекна во познатата италијанска кошаркарска арена

Еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ во фустан од 500 евра ги остави сите без здив!

Еспресо
Се вчитува....