19.8 C
Скопје
15:55 - 20 април, 2024

(ФОТО) МЕРИ МРМАЧОВСКА, ДОБРАТА ВИЛА НА ПРАЗНИЧНАТА СЕЗОНА: Нека е и мала елката, најволшебна е кога е природна, а потоа засадете си ја надвор!

Празничната сезона е на прагот, некои веќе почнаа да ги украсуваат домовите, балконите и дворовите, други – размислуваат за тоа. Секако, пред нас е период кој ни носи магичност и кој ни поттикнува соништа и надежи за нова, поубава година.
Мери Мрмачовска е една од оние добри вили кои заедно со „Грин гарден центарот“ вложуваат труд и волшепство да ни ги направат домовите потопли, позелени, пороманични, помиризливи и поблиски до природата.
фото – приватна архива

Во што е предноста на природната елка кога станува збор за украсување на домот или дворот во празничната сезона?

– Новогодишните и божиќните празници се на прагот, а елката е еден од препознатливите обележја за овие празници.Природните елки се живи дрвја со корени и земја, добри се за амбиенталниот воздух во просторијата каде се поставени, бидејќи на игличките на зимзелените дрвја и грмушки се лепат секакви прашини и нечистотии, и брзо и ефикасно го прочистуваат воздухот во домот. Новогодишната природна елка, секако ќе изгледа многу поубаво од вештачката и ќе го разубави вашиот дом.

Опција се и природните зимзелени дрвја засадени на прозорец, на балкон или околу влезот во домот, бидејќи во тој случај служат како штит од прашина и бучава, а придонесуваат и за квалитетот на воздухот. По празниците треба да се насадат некаде надвор.

Какви се годинава цените на природните елки?

– Оваа година на глобално ниво имаат голема побарувачка, поради тоа природните елки ги имаме во повеќе димензии и со различни цени. Почнувајќи од малата елка која има 30 см и цена – 350 денари, 1м.20см – 1200 денари, 1м.60 см – 2500 и 1м.80см изнесува 3500. Во напоментатие димензии и цени спаѓаат природни елки од видот Picea Conica, Picea Omorica, Picea Pungens и Picea Abies.

Колку се долготрајни кога се дома, како подолго да траат и што може да се направи со елката по празниците?

– Во глобала, природните елки дома се чуваат за новогодишната еуфрорија. За да биде поиздржлива треба повеќе да се негува. Што се подразбира, земјата во која е засадена да биде постојано влажна, да биде изложена на индиректна светлина. Откако ќе помине празничната сезона, потребно е  природната елка да се извади на надворешни услови, доколку е посадена во двор – таа би била поуспешна и побрзо би се развивала, затоа што самото дрво ќе има голем простор да го развива својот корен во почвата, но доколку опцијата е да остане во саксија единствен начин на кој би опстанала е повеќе нега, повеќе вода и пресадување во поголема саксија секоја година.

Божиќните цвеќиња се одличен избор за домашна празнична атмосфера, но и за подарок. Како да ги негуваме за подолго да траат? Колкав е нивниот животен век?

– Божиќните цвеќиња односно Божиќните ѕвезди се повеќегодишни салонски цвеќиња кои треба да се чуваат на постуден простор. Во овие празнични денови повеќе се купуваат за подрок и за декорации во своите домови. Сакаат постојано влажна почва и испрскување на ливчето со вода, индиректна светлина и да се далеку од топло греење. Колку повеќе се придржуваат до таа нега, толку повеќе ке траат.

Кои други зимски цвеќиња се украсни за декорација на домот во празничната сезона?

– Во овие сезони има голем избор на зимски цвеќиња од видот на гаутерија кое е зимзелено и издржливо на студени температури и препорачливо за аранжмани со други цвеќиња. Божиќно дрво Илекс кое има свои црвени бобинки за декорација и потсетува на Божиќ, Цикламата – декоративно салонско цвеќе кое го има во повеќе бои.

Кои се денешните трендови на цветна празнична декорација, а кои на украсување на елки?

– Во денешницата застепени се голем број и избор на керамички украси како елки, еленчиња, ангелчиња, свеќи, новогодишни гранки. Но, најголем впечаток оставија керамиките портрети кои настапија во тренд и се доста барани, во таквите саксии можат да се декорираат собни цвеќиња лазачи и различни сукуленти.

Украсувањето на елки во денешницата најмногу става фокус на ламбички кои личат на лампиони и светат во една боја, а останатата декорација најмногу ја прават со цветни гранки. Нашиот новогодишен асортиман е голем и нудиме различен избор за различен вкус.

Инаку, Мери е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

ЗА СРЕЌНА И БОГАТА ГОДИНА: Каде да ја поставите новогодишната елка и како да ја украсите според фенг шуи

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

(ФОТО) ДВОР ИЗВАЈАН СО ЉУБОВ ДО СОВРШЕНСТВО: Вајарката Соња има предизвик од 1.000 квадратни метри!

Слични објави

За минута зема 2 000 евра бакшиш! Бресквица направи хаос меѓу публиката со песната „Орлово гнездо“

Еспресо

(Фото) Поради неа ја оставил мисицата: Починатата водителка Бојана има сестра близначка како јајце слична на неа

еспресо

Неделен хороскоп, од 22 до 28 април: Среќно небо за Овните, добра вест за Лавовите, љубовни искри за Водолиите…

еспресо

Колегите на водителката Бојана Јанковиќ во шок: Пред смртта била најсреќна личност во светот

еспресо

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во стан, се чека на обдукција на телото

еспресо

Астропрогноза за сабота, 20 април: Вагите да посветат внимание на партнерот, Водолиите да се отворат за нови познанства

еспресо
Се вчитува....