15:46 - 8 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Утре еве кои граѓани ќе играат на дожд, а кои ќе уживаат под снег!

– Како што веќе најавивме, утре ќе има краткотрајно стабилизирање на времето, додека од недела попладне и навечер и тоа под влијание на нов влажен бран, на повеќе места ќе има нови врнежи од дожд и снег на повисоките планини. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината за време на овој викенд времето ќе биде променливо облачно, додека утре доцна попладне и навечер ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 9 и 11 степени.

– Ново заладување на времето се очекува во првите денови од следната недела, кога услови за врнежи од снег ќе има и на некои од пониските места. Состојбата околу оваа ситуација ќе се следи и понатаму навремено ќе информираме за секоја ново – настаната временска состојба, поентира Попоски.

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....