22:58 - 7 ноември, 2026

Јасни знаци дека во вашата врска веќе нема љубов

Сосема е нормално секоја врска одреден период да поминува низ криза, како и тоа дека е потребно да се вложи нешто повеќе труд, за љубовта и меѓусебните односи да се вратат на нормално ниво, на кое ќе се чувствувате среќно и задоволно.

Меѓутоа, доколку забележите дека константно се повторуваат некои од следниве знаци, многу е веројатно дека на љубовта во тој однос и е дојден крајот.

1. Чувствувате оддалеченост помеѓу вас

Работа, пријатели, обврски, речиси се успеало да застане помеѓу вас и вашиот партнер. Чувствувате оддалеченост која порано не постоела, но вам тоа не ви смета до тоа ниво, што би ве натерало да започнете да работите на тоа. Сексуалниот живот е редок или воопшто не постои.

2. Меѓусебната комуникација значително е влошена

Во главно не разговарате, а кога разговарате обично се карате. По некое време прекинувате и да се карате, бидејќи се ви станува неважно.

3. Врската не ви претставува приоритет

Попрво ќе отидете на роденденска прослава кај некој подалечен роднина или колега од работа, отколку на средба со вашиот партнер. Едноставно сите настани ги ставате пред вашите заеднички дружења и чувствувате нервоза кога не можете да ја одложите средбата со партнерот.

4. Вашиот партнер не го возвраќа трудот

Иако можеби сте одучиле барем малку да поработите на вашата врска, сепак чувствувате дека на партнерот едноставно не му е грижа, како и тоа дека постојано го заморуваат вашите обиди или предлози за некои заеднички активности.

5. Вам не ви е грижа

Кога ќе почувствувате дека повеќе не сакате ниту да се карате, а не пак да разговарате, и сами ќе сфатите дека на таа врска и е дојден крајот. Емоциите, како лутењето, можат да бидат показател дека барем малку се грижите, но апатијата јасно покажува дека ви е сеедно и дека животот нема да ви биде ниту малку поинаков без вашиот партнер.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Дали сте во врска во која полека се губите себеси? Овие 8 знаци откриваат дека љубовта ве исцрпува

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.
Се вчитува....