15.8 C
Скопје
11:29 - 26 април, 2024

Цвеќе од кое застанува здивот: Амарилис е ѕвездено растение за разубавување на домот

Амарилис, витешка ѕвезда или џуџе како што е наречено, припаѓа на родот на луковични цветни растенија.

Потекнува од Централна и Јужна Америка, од каде е донесенo во Европа во 1918 година.

Со своите големи цветови во форма на инка, брзо го освои светот. Тоа е причината зошто многу љубители на градинарството ја споредуваат со Орхидеите. Поради интересниот и исклучително убав цвет, Амарилисот е едно од најубавите и најбараните цвеќиња за затворен простор.

Расте на сончево место, но треба да се заштити од силното сонце на пладне. Од една луковица растат две до четири цветни стебла со неколку крупни цветови во бела, розева, црвена, лила боја или пак се двобојни или шарени.

Амарилис цвета од декември до март, или во пролетта во април и мај доколку е засадено во февруари или март. Ако растението се одгледува дома, цвеќињата траат две до три недели.

Садење на Амарилис

Во зима на почетокот од февруари или рана пролет, растението треба да се сади плитко. Амарилисот се сади во саксија каде од работ до луковицата ќе останат 2 до 3 сантиметри.

Ставете песок или хидрокултура на дното на садот и наполнете го со добро исцедена почва (по можност мешавина од хумус и перлит). Засадете така што половина од луковицата е покриена со земја и веднаш додадете малку вода.

Чувајте го садот на темно место една недела со што корените почнуваат да се развиваат, а потоа преместете го на топло место (над 20 степени).

Првата недела по садењето Амарилис не треба да се наводнува, а по десет дена кога ќе има израстоци наводнувајте го секој втор ден. Пренесете го на светлина и не премногу топло место (на температура од 15 до 18 степени).

Прво ќе се појави стебло, а потоа лист. Кога ќе се појави цветната пупка, започнете да го потхранувате растението со течно ѓубриво за цветни растенија.

Наводнувајте го Амарилисот три до шест дена, но со мала количина на вода. Почвата не смее да се натопи премногу со вода, бидејќи ќе изгние или ќе се развијат габички што предизвикуваат уништување на лисјата. Кога растението цвета, треба да го прскате со вода за да направите цветот да трае подолго.

Интересни факти

Можете да најдете различни варијации по големина и форма од Амарилис на пазарите. Познати се малечки и високи форми, двојни или единечни цвеќиња.

Ако се чуваат во истиот сад во кој цветаа (без пресадување) во текот на целата година, луковиците ќе се намалуваат со текот на времето, наместо да се зголемуваат. Доколку се купени во цут ќе цветаат и следната година.

Ако продолжите со наводнување во есен или ако го чувате Амарилисот на температура под четири степени, ќе цвета подоцна од предвиденото или воопшто нема да цвета.

Некои од интересните работи за цветот се дека самата луковица може да трае и до 75 години, а некои видови имаат дијаметар на цвет до 6 сантиметри.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....