12.8 C
Скопје
09:59 - 26 април, 2024

Хороскоп за 21 август, петок – Не дозволувајте луѓето да го тестираат вашето трпение и добрина

Овен

Иако секогаш се обидувате да делувате како цврста личност пред другите, денешниот ден ќе ве натера да откриете чувствителен дел од вашиот живот пред личност од спротивниот пол. Тоа ќе создаде поблизок однос меѓу вас. Не им дозволувајте на луѓето да го тестираат вашето трпение и добрина.

Бик

Чувствувате потреба постојано да се браните, но вистината е дека никој не ве напаѓа. Одолејте ѝ на желбата да давате објаснување за секоја ваша постапка и живејте послободно. При комуницирањето ќе бидете малку нејасни, па можно е тоа да биде извор на недоразбирање со блиска. Надминете ги препреките.

Близнаци

Денес на површина ќе излезе вашата романтична страна и ќе вложите многу напор за личноста која е покрај вас да се чувствува специјално. И најмалите љубовни гестови ќе имаат силно позитивно влијание на вашите односи. Ако не сте во емотивна врска, не ги избегнувајте додворувањата и поканите за пијалак.

Рак

Ако не сте сигурни како треба да реагирате во одредена ситуација, не е лоша идеја да се консултирате со блиска личност. До вас ќе стасаат мудри совети кои вреди да ги послушате, па не дозволувајте вашето его да ви ги избрише од меморијата. Вечерта ќе ви донесе средба со личност која долго не сте ја виделе.

Лав

Ќе копнеете да бидете опкружени со нови лица, па ќе се насочите кон активности кои ќе ви донесат нови познанства. Со вашите мудри зборови ќе привлекувате внимание каде и да се појавите. Нема да можете да ја поднесете осаменоста и ќе испланирате повеќе средби со пријатели. Одличен ден за да се вклучите во голема забава.

Девица

Некои ќе го преферираат дружењето онлајн. Очекувајте зближување со љубовен или бизнис партнер. Оние кои не се во врска ќе им даваат шанса само на додворувачите кои веднаш ќе покажат дека се стремат кон стабилна врска. Ќе ви биде зголемено либидото, па не се изненадувајте ако не сакате да се разделите од саканиот.

Вага

Обидете се да пронајдете забава каде и да се наоѓате. Многу е важно да научите брзо да се прилагодувате на најразлични услови. Денешните планови можат да бидат променети, поради недоразбирања, недоволни или непотполни информации, заблуди и слично, во секој случај многу мотиви за разочарувања, но со причина.

Скорпија

Залудни ќе ви бидат очекувањата од некаква помош од некого на кого сметате, но тоа се ваши очекувања и фантазии. Ако допуштите да бидете повредени поради тоа, денот ќе го поминете песимистички расположени со тенденција таквото расположение да се префрли и на утрешниот ден. Потрудете се тоа да не ви влијае.

Стрелец

Вниманието, но и несогласувањата, главно ќе доаѓаат од партнерот, или од вашето опкружување, но и поради некои активности, купувања или престој во јавноста, на јавни места. Почетокот и крајот на денот можат да бидат понервозни од вообичаено, особено утрото, кога поради некакви свои заблуди ќе бидете разочарани.

Јарец

На почеток ова ќе ви изгледа како ден кој сакате да го поминете во самотија концентрирани на своите мисли и идеи. Но, можно е некој повик или средба да ве предомисли. Денеска ќе се чувствувате исполнето и задоволно. Ќе сакате да исполните нечии желби за да придонесете за убавото расположение.

Водолија

Не се затворајте во себе и искористете ги можностите кои ви се нудат на секое поле. Ве преокупира работата и се трудите да завршите повеќе работи од она што реално можете. Концентрирани сте, но тоа нема да ви трае долго. Разговорот со некој од колегите или близок пријател може да ви биде од голема помош.

Риби

Ова е ден за вас и вашиот партнер. Посветете си доволно време и уживајте во романтичните моменти. Можеби ви е потребно да заминете и на некое патување. Обидете се да одвоите време и за семејството. Прифатете ги безрезервно сите убавини што ќе ви ги пружи партнерот, уживајте и продлабочете ја врската.

Слични објави

(Фото) Харис Џиновиќ се подмлади: Пејачот го промени имиџот и не носи веќе шешир

еспресо

Астропрогноза за петок, 26 април: Важни вести за Близнаците, добри можности за Биковите

еспресо

Хороскоп за среќа: Најповолните денови во мај за секој хороскопски знак

еспресо

Српските естрадни ѕвезди се простуваат од Џаро: „Патувај легендо, мами ги ѕвездите на небото“

еспресо

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо
Се вчитува....