24.8 C
Скопје
13:37 - 29 април, 2024

Навални ќе се лекува во Германија, состојбата му е стабилна, но тешка

Авион за итни медицински потреби полета од Германија за Русија за да го транспортира лидерот на руската опозиција Алексеј Навални, кој од вчера е хоспитализиран и се наоѓа на интензивно лекување откако претрпе претпоставено труење.

Спасувачкиот авион бил испратен од баварскиот град Нирнберг во 3.11 часот, јави германскиот дневен весник „Билд”.

Жена во Русија гледа видео кое се шири на социјалните медиуми, а се гледа како Алексиј Навални е преземен од тимот на брзата помош по што беше пренесен во болница / 20 август 2020, Москва, Русија / Фото: /EPA-EFE/SERGEI CHIRIKOV

Руските лекари проценуваат дека во моментот состојбата на рускиот блогер и лидер на опозицијата Алексеј Навални е стабилна, но тешка, соопшти синоќа Министерството за здравство од регионот Омск, додавајќи дека специјалисти од Москва денеска ќе дојдат во Омск на продолжена консултација.

САД ја следат ситуацијата, Франција нуди помош и азил за Навални

„Неговата состојба во моментот лекарите ја оценуваат како стабилна, но тешка”, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Според Министерството, се одржале теле-медицински консултации со водечките федерални центри.

„Договорени се тактики на лекување и испитување”, се додава во соопштението, пренесено од руските медиуми.

Заменик директорот на болницата во Омск, во која Навални се наоѓа во моментов, Анатолиј Калиниченко одби да шпекулира со можната причина за болеста, изјавувајќши само дека во моментов се спроведуваат истражувања, без наведување на дијагнозата.

НЕПРИЈАТЕЛОТ НА ПУТИН ПЛАЧЕ ОД БОЛКИ: Вознемирувачки снимки од авиониот со кој патуваше Навални (ФОТО+ВИДЕО)

– Тоа е најмногу што можам да ви кажам, изјави Калиниченко во видеото епитувано на каналот TV Реин, близок до политичката опозиција во Русија.

Шефот на германска невладина организација соопшти дека берлинската болница „Charite” е подготвена да го лекува Навални.

-Авионот, што се очекува да го доведе Навални од рускиот град Омск до Берлин, полета со медицинска екипа, изјави филмскиот продуцент Јака Бизил за ДПА, додавајќи дека успеале да ги добијат сите потребни одобренија за трансферот.

„Се очекува Навални денеска да пристигне во Германија на лекување во болницата „Charite” во Берлин. Трошоците за летот и за лекувањето ќе бидат платени од приватни извори”, додаде Бизил.

Германската канцлерка Ангела Меркел побара од Русија брзо разјаснување на околностите под кои се случило претпоставнеото труење.

Кремљ: Навални може да биде префрлен на лекување во друга држава ако пристигне такво барање

The post Навални ќе се лекува во Германија, состојбата му е стабилна, но тешка appeared first on Слободен печат.


Навални ќе се лекува во Германија, состојбата му е стабилна, но тешка was first posted on август 21, 2020 at 7:39 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....