4.8 C
Скопје
04:55 - 20 октомври, 2026

Били Ајлиш објави спот за хитот „Everything i wanted“, го режираше сама (ВИДЕО)

Во новиот спот за песната „Everything i wanted“, пејачката Били Ајлиш и нејзиниот брат возат автомобил низ Калифорнија, влегувајќи со него директно во океан.

Режијата на спотот ја потпишува оваа млада пејачка.

Во првите кадри од спотот ја гледаме како вози автомобил и пее, додека на сувозачкото седиште е нејзиниот брат.

Потоа се упатуваат кон плажа, од каде влегуваат со автомобил во вода и потоа потонуваат.

– Мојот брат и јас ја напишавме оваа песна еден за друг и сакав да креирам визуелен приказ кој зборува дека, што и да се случи, ние секогаш ќе бидеме еден за друг – објаснува Ајлиш во соопштението за јавноста.

– Ова е второ видео кое го режирав. Работевме напорно и долго за да го завршиме на време – додава пејачката.

Оваа 18-годишна ѕвезда во недела ќе настапи на доделувањето на Греми наградите, каде моментално има шест номинации.

Покрај ова, наскоро ќе излезе и нејзината песна „No time to die“, која ќе биде искористена во новиот филм за тајниот агент Џејмс Бонд, што ќе ја направи Ајлиш најмладата музичарка во историјата која ја снимила ваква нумера.

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо

„Немам време за себе“ – реченицата со која полека се ставаме на последно место

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо
Се вчитува....