10.8 C
Скопје
10:49 - 18 април, 2024

5 ДОЛАРИ НА СААТ: Еве што работела Лејди Ди пред да стане принцеза

принцеза дијана

Во 1980 година, принцезата Дијана се вработила како дадилка за момчето Патрик во американско семејство кое живеело во Лондон во тоа време.

Мајката на момчето не знаела дека осумнаесетгодишната Дијана потекнува од познатата британска аристократска линија Спенсер и дека се забавува со принцот Чарлс, со кого ќе се омажи во јули следната година.

Meри Робертсон, фото: принтскрин/ inside edition

Дијана работела за семејството Робертсон само неколку месеци, три дена во неделата, и никој не бил свесен дека наскоро ќе се соочи со глобалната популарност што ќе ја добие со приклучувањето во кралското семејство.

„Кога Дијана дојде во нашето семејство како срамежлива 18-годишна дадилка, имаше многу мало животно искуство, но знаеше како да работи со деца, така што совршено ја вршеше својата работа“, вели Мери сеќавајки се како седела на подот со Патрик и била фокусирана само на него.

Помеѓу смени, за кои ѝ плаќале само пет долари на час, тренирала за да стане медицинска сестра. Робертсон дознала за аристократското потекло на Дијана дури кога забележала толпа папараци пред куќата кои ја следеле поради свршувачката со принцот Чарлс.

„Дијана беше многу внимателна, сметам дека тоа е нејзината најсилна карактеристика. Сакаше да ги прегрне луѓето, да им пружи допир“, рече Робертсон и откри дека принцезата била топла, полна со доверба и љубов.

„Продолживме да се допишуваме во следните 16 години“, рече таа, откривајќи дека Дијана ѝ испратила десетина писма и честитки во текот на сите тие години, дури сакајќи нејзиното семејство да го посети кралското семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @dianaprincessofwales2020

Да потсетиме, Дијана почина во сообраќајна несреќа во 1997 година кога бегаше од папараците, а Роберстон го опишува нејзиниот погреб како најтажниот и најболниот час во нејзиниот живот.

извор: „InsideEdition“

Слични објави

Што појадуваат децата на Новак Ѓоковиќ секој ден: Билна исхрана подготвена од навечер

еспресо

(Фото) Внукот на Цеца го прослави првиот роденден: Раскош, сини балони, кадифени мечиња, елегантна трпеза

еспресо

Астропрогноза за четврток, 18 април: Вагите да си го отворат срцето, Јарците денес да се осамат

еспресо

Анѓелка Прпиќ ја отвори душата: „Кога се разведов…“

еспресо

(Фото) Сања Маринковиќ без грам шминка: Водителката покажа како изгледа кога ќе се исклучат камерите

Еспресо

Се смирија Мелина и Џина по бурниот период? Еве што направи ќерката на Харис Џиновиќ

Еспресо
Се вчитува....