11.8 C
Скопје
02:52 - 8 мај, 2024

Домашна пита со спанаќ

Состојки:

2 јајца
500 гр кори за пита
500 гр спанаќ
2 врзопа млад кромид
1 чешне лук
1 морков
200 гр бело сирење
Сол и бибер
Масло
Половина пакетче прашок за пециво
100 мл јогурт

Подготовка:
Изматете ги јајцата, додадете го издробеното сирење и јогуртот, па прашокот за пециво и добро измешајте. На маслото пропржете ги исецканиот млад кромид, ренданиот морков и истолчениот лук и зачинете. Најпрво одвојте дел од оваа смеса настрана, па додадете го спанаќот да се подготви. Тргнете ги од оган и додајте го филот од јајца и сирење.

Тавата за печење најпрво обложете ја со хартија за печење. Наредете неколку кори така што рабовите ќе останат надвор, за преклопување. Со останатите кори правете ролати со филот од спанаќ и редете ги една до друга. Меѓу ролатите премачкувајте со смесата без спанаќ.

Потоа, ставете една кора најгоре и превиткајте ги рабовите од долниот слој. Премачкајте со масло и јајце и печете на 200 степени во загреана рерна, околу 40 минути.

 

Слични објави

(Фото) Тајчи го облече познатиот фустан од Евровизија: Вака изгледа југословенската Мерлин Монро 34 години подоцна

Еспресо

(Видео) Никола Роквиќ за Велигден во манастирот Свети Никола: „Многу се радувам…“

еспресо

Ведрана Рудан не живее од книги: „Живеам од сопругот“

jasmina.kantardzieva

(Фото) Драгана во прегратки на млад маж: Кога срцето ќе застане…

еспресо

(Фото) Ѕвезда до ѕвезда: Викторија Бекам објави нови фотографии од нејзината роденденска забава

еспресо

(Фото) Поради неа ја оставил мисицата: Починатата водителка Бојана има сестра близначка како јајце слична на неа

еспресо
Се вчитува....