7.8 C
Скопје
06:04 - 27 април, 2024

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (7.март-13.март): Добри вести за Раковите, многу љубов за Водолиите, проблеми за Стрелците…

неделен хороскоп

Оваа недела планетата Меркур влегува во знакот Риби, подготвена да им донесе добри вести на сите водни знаци и не само на нив… А вие, во кој знак сте родени?Дознајте со нас што ви подготвуваат ѕвездите оваа недела!

Овен: станува сè подобро!

Планетите Марс и Венера се враќаат да делуваат во корист на вашиот знак: конечно ви се отвора помирен период од сентиментална гледна точка и помалку стресен од физичка гледна точка. Најсреќни денови во оваа недела се среда и четврток, кога ќе имате и прекрасна среќна Месечина на ваша страна. Малку полошо расположение и нервоза може да имате за време на викендот, кога нешто можеби нема да се одвива како што сте планирале.

Бик: Меркур се грижи за вас!

За жал и планетата Марс и Венера штотуку ви го свртеа грбот: оваа недела може да почувствувате малку повеќе физички замор и стрес, особено на работното место. За среќа, Меркур ќе се погрижи да ви помогне: почнувајќи од четврток, оваа планета повеќе нема да биде во неповолна положба, туку ќе почне да ве поддржува, наскоро носејќи ви добри вести и незаборавни средби.

Близнаци: атмосферата се вжештува!

Конечно планетата Венера се враќа активна во ваша корист: ако љубовта во последниот период ве заборави, сега атмосферата ќе почне да се вжештува! Страсните средби се „на пат“, особено можни во среда и четврток, кога ќе имате и супер-месечина на ваша страна. Убаво закрепнување следува и од физичка гледна точка, благодарение на Марс, повторно активен, што ќе ви даде нова енергија!

Рак: добри вести!

Конечно и Марс и Венера веќе не се во опозиција со вашиот знак и малку по малку ќе можете да најдете мир и да почувствувате убава енергија. Ако љубовта ви предизвика тешки моменти во последниот период, сега можете да се чувствувате поспокојно и посигурни.  Понатаму, почнувајќи од четврток, планетата Меркур повторно ќе биде активна во ваша корист, подготвена да ви донесе добри вести на професионално поле.

Лав: проблеми со партнерот

За жал оваа недела ќе почне да се чувствува двојната опозиција и на Венера и на Марс. Во љубовта нема секогаш лесно да го пронајдете вистинскиот баланс со партнерот: внимавајте да не го изгубите трпението премногу брзо! За среќа, почнувајќи од четврток, планетата Меркур повеќе нема да биде во опозиција и би можеле да пристигнат некои добри вести на работното место.

Девица: Подобро почекајте!

За жал оваа недела – почнувајќи од четврток – планетата Меркур ќе биде во опозиција со вашиот знак. Спротивставувањето на Меркур, заедно со она на Јупитер, може да доведе до блокирање или забавување на проекти на работното поле. Ако планирате да се впуштите во нов проект или да дадете некој предлог, треба да почекате. Среќен викенд е пред вас со прекрасна Месечина погодна за романтика.

Вага: спокојното се врати!

Планетата Венера и планетата Марс неодамна се вратија да делуваат поволно за вашиот знак и оваа недела ќе ги почувствувате сите придобивки од овој двоен транзит. Во љубовта конечно ќе се врати мирот по прилично комплициран период. Паровите кои во последните месеци биле постојано во кавга, сега ќе можат да најдат заеднички јазик. Стресот исто така ќе се намали и ќе можете да си ја вратите загубената енергија.

Скорпија: Меркур е на ваша страна!

Оваа недела планетата Меркур ќе биде активна во ваша корист: почнувајќи од четврток ќе имате уште еден сојузник за остварување на вашите цели, особено на полето на работата. Обрнете внимание на деновите понеделник и вторник, кога Месечината ќе биде во опозиција и може да наидете на некои пречки на вашиот пат особено на работното место. Среќен викенд, со прекрасна Месечина подготвена да ви подари големи емоции.

Стрелец: проблеми на работното место

Оваа недела конечно можете да сметате на наклонетоста на Венера и Марс, кои ќе ви дадат многу енергија и среќа во областа на чувствата. Помалку среќа, сепак, ќе имате работното место: почнувајќи од четврток, всушност планетата Меркур ќе ви го сврти грбот и може да настанат недоразбирања со колегите и шефовите. Обидете се да ја контролирате нервозата во среда и четврток.

Јарец: добри вести на работа!

Оваа недела повеќе нема да можете да сметате на поддршката на Венера, која сепак нема да биде многу груба кон вашата романтична врска. Добри вести пак, ќе пристигнат на полето на работа благодарение на поволниот транзит на планетата Меркур која почнувајќи од четврток ќе биде во „пријателскиот“ знак Риби. Нервозен викенд со Месечина во опозиција: обидете се да си одвоите моменти за опуштање!

Водолија: да живее љубовта!

Влегувањето на планетите Венера и Марс во вашиот знак ќе предизвика искри: оваа недела веднаш ќе се чувствувате поенергични и полни со желба за работа. Љубовта ќе биде фаворизирана во овој период, како и новите средби, без разлика дали станува збор за сентиментални средби или пријателски и деловни. Некои парови можеби ќе одлучат да одат чекор понатаму. Искористете ги среќните денови на месечината, среда и четврток.

Риби: добредојде, Меркур!

Оваа недела планетата Меркур ќе влезе во вашиот знак, правејќи преубав аспект со планетата на среќата- Јупитер. Почнувајќи од четврток навистина ќе имате предност на сите полиња, но особено на работното место: може да пристигнат добри вести или да добиете признание, Поволната Месечина за време на викендот е подготвена да ви подари моменти за паметење на голема романса!

Слични објави

Кој е владиката Иларион кој го предводеше погребот Бојана Јанковиќ: Глумеше во популарна серија, па се замонаши

еспресо

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо
Се вчитува....