11:32 - 29 ноември, 2026

НАЈПОСВЕТЕНИ ПАРТНЕРИ: 4 хороскопски знаци кои секогаш ќе ве стават на прво место!

Кога станува збор за љубовните врски, нема попосветени партнери од овие четири хороскопски знаци. Тие секогаш ќе ве ставаат на прво место, дури и ако тоа значи дека ќе ги занемарат своите потреби. Понекогаш треба да ги потсетите да се грижат за себе, бидејќи во спротивно ќе се изгубат помагајќи ви и поддржувајќи ве во сите ваши подвизи.

Скорпија

Сакајќи да ја одржат нивната врска сигурна, водните Скорпии најчесто ги ставаат потребите на партнерот пред своите, дури и кога не се баш среќни за тоа. Со оглед на тоа дека интензитетот на Скорпиите во врските понекогаш се граничи со љубомора, не постои сомнеж дека овој знак ќе направи сè кога е заљубен.

Рак

Емпатични и сензитивни, Раковите се мајките во Зодијакот. Познати по својата грижлива природа, тие имаат тенденција да ги ставаат саканите пред себе, особено кога станува збор за романтичен партнер. И покрај тоа што ова ги прави прекрасни сопатници, тие понекогаш мора да се потсетат да се грижат малку и за своите потреби.

 

Бик

Можеби на Биковите им треба многу време за да се посветат на една врска, но откако ќе го сторат тоа, тие секогаш ги ставаат потребите на својот партнер пред своите. Романтичните Бикови најчесто ќе ја подготвуваат омилената храна на саканите или ќе ги бакнуваат често, само колку да направат тие да се чувствуваат посебно. Биковите исто така се и одлични кога станува збор за изненадувања, подароци и патувања.

Вага

Водени од Венера, Вагите обожаваат љубов. Тие се балансирани и независни, но истовремено и одлични при препознавањето на потребите на другите. Ако тие забележат дека нивниот партнер има потреба од време за себе, без проблем ќе се тргнат настрана. Од друга страна пак, ако тој или таа има потреба од поддршка, тие ќе тргнат сè настрана и ќе бидат тука за нив.

Слични објави

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо
Се вчитува....