9.8 C
Скопје
05:30 - 4 мај, 2024

ЖИВОТ НА ПЛАНИНА: Семејството Саити домот во Дебар маало го замени со фарма во планинска населба

Јасмин, Ласа и Уран пред повеќе од 6 години, се одлучија Матка да биде местото каде ќе ја основаат нивната семејна „Матка фарм“, место каде тие и животните живеат во хармонија со природата, водејќи се по нејзините правила.

– Патувајќи низ светот, во потрага по вистинската главна дестинација, вкусувајќи од секоја култура помалку, и истовремено избиструвајќи ја нашата визија за идеалното место на кое му припаѓаме и тоа нам ни припаѓа ја пронајдовме Матка чудесното место кое раѓа инспирација, хармонија,љубов. – вели Уран.

фото: приватна архива

Уран по татко, потекнува од Матка, токму и семејните корени го вратиле на ова место.

– Како дете со моите братучеди, чичковци се шетавме на Матка, ја сакав природата тогаш, ја сакам и сега. Зеленилото, чистиот воздух е незаменливо нешто. Па имав и среќа што ја запознав Јасмин, мојата сопруга, која е исто авантурист во душата, и заедно решивме тука да направиме една куќичка и тука да си живееме.

фото: приватна архива

На оваа животинска фарма семејството Саити одгледува кози, кокошки, препелици, но се грижи и за сопствено производство на овошје и зеленчук.

– На почетокот немавме намера да одгледуваме животни. А во природава, другите жители ги пасат своите животни, па си рековме зошто да не започнеме и ние. Тоа и го направивме, пред повеќе од 5 години, земавме кози, кокошки и препелици. Нас намерата не ни е само да одгледуваме животни, туку и да живееме со нив.- ни објаснува Уран.

фото: приватна архива

На почетокот земале 13 кози од семејство во село Луковица.

– Правата година ги гледавме како растат, а од втората ги окозувавме и ги молзевме , прво само за нас, а како што се зголемуваше бројот на кози, а со тоа и количината на млеко, почнавме да им нудиме на луѓето.

фото: приватна архива

Од козјото млеко прават сирење, кисело млеко, јогурт, сурутка и сапун.

– Прво се грижиме да ја задоволиме побарувачката на свежо, незмрзнато козјо млеко, се фокусираме прво на тоа. Имаме и сурутка која особено ја бараат оние кои вежбаат, бидејќи оваа е природна сурутка, а не онаа во прав која ја раствараат и ја пијат.

фото: приватна архива

Да се остави зад себе урбаното живеење и да се изгради дом на место кое е во прегратките на природата е навистина голем предизвик.

– Кога решивме да се преселиме, сите нè подржаа. Мајка ми дури и се радуваше што се враќам кон татковите корени. Исто и семејството на Јасмин. Градот не гуши, тука имаме слобода. Искрено, скоро секој ден сме во Скопје кога вршиме достава и додека сме таму ги мислам животните тука, да не залутале некаде, да не им се случило нешто. – раскажува Уран.

фото: приватна архива

Градот е нашето секојдневие, место каде животот е брз и динамичен, но истовремено и стресен. Тотална спротивност е природата каде царува слободата, каде чистиот воздух не е луксуз. Уран вели дека тука е местото каде имаат се. И навистина Матка е планинско место, идеално за живот во природа, заедно со животните.

фото: приватна архива
фото: приватна архива
фото: приватна архива
фото: приватна архива
фото: приватна архива
фото: приватна архива

Слични објави

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо
Се вчитува....