23.8 C
Скопје
13:39 - 28 септември, 2026

АДЕЛ ГО ОБЈАВИ ТИЗЕРОТ ЗА НОВИОТ СПОТ И НАЈАВУВА „БУМ“ ГОДИНА: Подготвена сум за 2022 година, доаѓа толку многу, возбудена сум што ќе го видите сите тоа!

Адел ги заинтригира фановите објавувајќи дека „толку многу доаѓа“ во 2022 година, вклучително и музичко видео за Oh My God.

Музичарката (33) го издаде својот долгоочекуван четврти студиски албум „30“ во ноември 2021 година, кој се најде на врвот на топ листите во Велика Британија.

Албумот ги вклучуваше сингловите Easy On Me и Oh My God.

Во објава на Твитер, Адел напиша: „Одморена и повторно подготвена! Се чувствувам подготвена за 2022 година, доаѓа толку многу, возбудена сум што ќе го видите сите тоа“.

Во снимката од 15 секунди се гледа како Адел стои во темна соба, со прстенесто светло зад неа.

На екранот се појавуваат и зборовите „Oh My God, 12 јануари, 17 часот, Велика Британија“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

Oh My God стигна до првите пет најдобри во Велика Британија и САД и првите 10 во Канада, Австралија и Јужна Африка.

Адел ја изведуваше својата нова музика на телевизиски емисии од двете страни на Атлантикот.

На прашањето на актерката Ема Томпсон дали некој некогаш ја инспирирал кога била помлада, пејачката одговорила со името на нејзиниот професор по англиски јазик, г-ѓа Мекдоналд, бидејќи била „кул“ и толку симпатична и директна. Изненадувањето се случило кога пред Адел се појавила наставничка, која ѝ се придружи на сцената и ѝ рекла: „Толку сум горда на тебе“.

 

 

Слични објави

(Фото) Јордан Митев го крсти синот Кристијан на неговиот прв роденден: „Господ секогаш нека биде со тебе“

Еспресо

(Фото) Кој е 25 години помладиот Александар кој сè почесто е со Јелена Карлеуша? Таа тврди дека се само пријатели

Еспресо

Неделен хороскоп од 28 септември до 4 октомври: Секој ден пронајдете пет минути мир само за себе и опуштете се

Т.Ц.

(Фото) Нина Бадриќ во елегантно и заводливо издание – прошета по улиците на Париз во тесен црн фустан

Еспресо

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски: „Бог ми го даде и ми го зеде мојот син Петар“

Еспресо

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо
Се вчитува....