Имала генијална идеја за да побегне од малтретирањето: На 13 години започнала бизнис, на 19 станала милионерка

Лив Конлон (21) врсниците во училиште ја задевале и ѝ префрлувале, бидејќи секогаш добивала добри оцени, а тоа ја мотивирало да работи уште повеќе. На 13 години, пред да заврши со училиштето, почнала да работи со продавање на вештачки нокти, а 6 години подоцна ги заработила и своите први еден милион фунти.

– Другарите толку многу ме малтретираа што морав да го сменам училиштето, а на 13 години почнав да продавам вештачки нокти од Кина на еден онлајн-сајт – раскажува Лив, која тогаш во својот прв бизнис вложила 300 фунти, кои ги заработила благодарение на домашните работи и набрзо на нив заработила 5000 фунти.

Набрзо почнала да работи друга работа, во компанијата „The Property Stagers“, која изнајмува недвижнини кои чекаат за продажба. Инспирацијата ѝ дошла кога нејзината мајка Али сакала да го продаде станот кој го купила како инвестиција, па Лив предложила да ѝ помогне да го декорира. А тоа очигледно го направила одлично – бидејќи само три дена откако го преуредила, станот се продал.

View this post on Instagram

Swipe right…the closest I ever want to being famous 📸 ⁣⠀ There is a misconception around being featured in the press ⁣⠀ I often hear it with potential clients: “But I don’t want to be famous” ⁣⠀ And I get it, I don’t want to be famous either 🚫 ⁣⠀ 1. Using PR to Grow Your Brand Profile isn’t about EGO ⁣⠀ We are strategically positioning you to grow your audience & revenue 📈 ⁣⠀ 2. We Focus on Monetising & Making a Change ⁣⠀ Are we going to monetise your expertise through an online product, coaching package or programme or making a positive change in the world with your mission or message🌍 ⁣⠀ 3. Change the Stories in Your Head ⁣⠀ You have most likely been conditioned to see someone ’self-promoting’ as a bad thing. I ask you to challenge that thought. It is not a crime to be seen, especially when you are serving people through your work🤝 ⁣⠀ 4. PR has maximum impact on a Large Number of People ⁣⠀ We all have a gift to share with the world, sharing it via PR is a quick route to reach the largest audience possible in a short space of time🙌🏼 ⁣⠀ So I challenge you, if you think being ‘seen’ as a scary thing to do, or a selfish act… ⁣⠀ Question that belief.

A post shared by The UK Young Entrepreneur (@oliviaconlon) on

Така почнала уште во средно училиште да стажира во агенција за изнајмување, а одела и на разни настани и разговарала со многу луѓе од таа бранша и сфатила дека постои „вакуум“ во трговијата.

Професорите ѝ кажувале дека „си го упропастила животот отстапувајќи од факултетот и свртувајќи се кон приватниот бизнис“, само нејзината мајка ѝ била поддршка.

– Својот прв клиент го пронајдов во 2015 година, а тогаш и ја скратив косата за да изгледам постара – раскажува Лив, која на почетокот немала средства, но за првиот надоместок кој изнесувал 1000 фунти купила мебел и почнала да собира залихи. Така веќе првата година средила 25 објекти, најмногу во Глазгов и Единбург, направила свое портфолио и се вмрежила со цел да пронајде нови клиенти.

– Беше исцрпувачки, но и возбудливо. Работев 18 часа на ден и мојот живот стана поинаков од животот на моите пријатели кои излегуваа додека јас работев. Па со текот на времето се разидовме – раскажува младата претприемачка.

Во првите години заработила над 30.000 фунти и успеала себеси да си исплати плата и пак да вложи во нов мебел. Тогаш и нејзината мајка ја напуштила работата како советник за да може да работи за неа, а другата година нејзината фирма надминала добивка од милион фунти.

– Беше неверојатно, но морав попатно да научам сè околу управувањето и финансирањето во брзорастечката компанија. За среќа, секогаш покрај себе имав книговодител да ми помогне – раскажува Лив, која сега се занимава со производство и извоз на мебел, има неколку складови и има тим од 10 луѓе во Глазгов и во Манчестер.

Се буди уште во 4 наутро, а потоа работи 10 часа до ручекот со пријателите, од кои се повеќето постари и ги запознала на работа. Признава дека нема време за друштвен живот.

– Среќна сум и сама, немам време за врска – кажува Лив, која уште на 18 години ја купила својата прва куќа, а сега е сопственичка на голема куќа во која живее со мајка ѝ. Без оглед на тоа колку заработува, не троши многу на материјални работи, бидејќи преферира патувања и искуства.

Слични објави

Брз јорган-колач

Еспресо

Анастасија Ражнатовиќ лежи во бикини на плажа и се снима од глава до пети (ФОТО/ВИДЕО)

Васко Спасоски

Цеца побегна од Белград: Мирот го најде тука, а погледнете кој и прави друштво! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Кетрин Зита Џонс ги украде сите погледи на црвениот тепих (ФОТО)

Еспресо

Сека Алексиќ непрепознатлива: Пејачката драстично ослабе (ФОТО)

Еспресо

Храброста им е слаба страна – Ова се најголемите кукавици меѓу хороскопските знаци

Еспресо

Остави Коментар

оне × два =

Слични објави

Додека светот се прашува дали повторно е бремена таа направи ПРОМЕНА со која ги воодушеви сите (ФОТО)

Еспресо

Нивес Целзиус во трипати помал градник, а нејзината ќерка имала доста интересен коментар! (ФОТО)

Васко Спасоски

Секоја жена од стил мора да го знае ова: Вака се носи најпопуларниот аксесоар за коса за оваа сезона! (ФОТО)

Igor

Кариера, љубов и здравје: Дневен хороскоп за 22 февруари!

Васко Спасоски

Необична глетка: Лисица и мачка си играат среде улица! (ВИДЕО)

Еспресо

Пекарски ѓувеч

Igor