20:17 - 8 мај, 2024

„Ги жалам таквите како тебе“: Саудиска тинејџерка која побегна од насилното семејство објави слика во бикини и се соочи со лавина од критики

Тинејџерката од Саудиска Арабија која минатата година ја напушти земјата и отиде во Канада, бегајќи од насилното семејство, се најде на мета на остри критики на Твитер поради „пред и потоа“ фотографиите.

Рахаф Мохамед ал Кунан одговори на предизвикот на Твитер да објави фотографија од најголемите промени во нејзиниот изглед.

Кунун постираше своја фотографија во никаб од времето кога живееше во Саудиска Арабија, а покрај неа додаде и нова слика, на која таа сега позира во бикини.

Ова е најголемата промена во мојот живот. Од примораноста да носам црн чаршав и мажите да ме контролираат, до слободна жена – напиша Кунун над фотографијата, објаснувајќи ја својата трансформација.

Многу корисници на социјалните мрежи ја пофалија нејзината „неверојатна храброст“, па и порачаа дека изгледа прекрасно.

Меѓутоа, таа набргу се најде на мета на удар на саудиските критичари кои ја нападнаа, обвинувајќи ја дека позира „гола“.

„Навистина ги жалам таквите како тебе. Саудиските жени се среќни. Тие се возат, одат во трговски центри, а сега можат и да патуваат сами. Нашиот пророк Мухамед рекол дека жените и мажите се еднакви“, напишал еден корисник на Твитер.

Тинејџерката привлече глобално внимание со своите твитови од хотел во Бангкок, во кој престојуваше откако го напушти семејството и пред Канада да го прифати нејзиното барање за азил.

Кунун рекла дека била жртва на психичко и физичко насилство во ултраконзервативното кралство.

Групите за заштита на човекови права истакнаа дека по бегството таа морала и да се откаже од Исламот за да не биде прогонувана во Саудиска Арабија.

Слични објави

Велика сабота: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

Велика среда: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Велики вторник: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо
Се вчитува....