8.8 C
Скопје
12:03 - 19 март, 2024

ВОДИЧ ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ НА ЕСЕНТА: Нутриционистката Емилија Спасовска Мојсовска советува како да се справиме со настинки

емилија мојсова

Научени сме на студено време, ама ова јуначки – едвај се издржува!

Разговаравме со  нутриционистката Емилија Спасовска Мојсовска која ни приготви инструкции за тоа како да ја преживееме есента. Таа не советуваше што треба да си купиме, како треба да се храниме и најважно – како да се згрееме! 

Со големите врменски промени сите сме подложни на настинки. Како изгледа совршен ден на исхрана за човек што се бори со настинка?

– Со променливото време секогаш очекувано е поголемо присуство на бактерии и вируси, и поголема присутност на настинки. Храната и исхраната се многу важни во превенирањето, закрепнувањето и во засилување на имунитетот. Во состојба на настинка пред се потребно е храната да биде богата со антиоксиданси, витамини и минерали кои секојдневно ни се достапни преку сезонското овошје, зеленчук, мешунките и јаткастите плодови.

Кај човек што се бори со настинка потребно е преку исхраната да внесува доволно течности во текот на денот преку храна и напитоци за постојана хидрација на организмот.

Идеални оброци се топлите чорби, особено пилешка чорба или чорба од домати, природно цедени сокови богати со витамини, топол чај, ферментирани производи (кефир, кисело млеко, зелка, комбуха) и голема количина на свежо овошје и зеленчук кое изобилува со антиоксиданси.
Оброците потребно е да бидат на помал временски интервал и помали оброци, и помеѓу секој оброк напиток кој ке ја одржи хидрадацијата.

емилија мојсова
фото: приватна архива

Дали може да споделите со нас добар рецепт полн со витамини?

– Достапните намирници, со правилно комбинирање преку едноставна подготовка би можеле да допринесат за значително подобрување на имуниот систем и да допринесат заштита во борба против инфекции, вируси и секако слободните радикали.

Во однос на рецепт би препорачала секој ден да го започнеме со здрав напиток, кој ќе ни даде доволно енергија во текот на денот и истовремено ќе го обезбеди телото со потребни витамини и минерали. Еден таков напиток е смути од следните намирници:

– 1 банана
– 100 г. црвени плодови (јагоди, цреши, вишни)
– 80 г бадеми
– оризово/бадемово млеко 200мл
– 1 лажица мед
– 1 лажица таан
– 1лажица какао
– 1 цм рендан ѓумбир

Дополнително мој предлог за витаминска салата која препорачувам да биде застапена во овој период е салатата од кељ, прокељ, рукола, брокула во комбинација со авокадо, пченка и јаткасти плодови зачинета со малку куркума, бибер и маслиново масло.

Која храна би нè советувале да ја внесуваме за да си го засилиме имунитетот?

– Силниот имун систем ни помага да останеме здрави. Здравата избалансирана исхрана игра голема улога во зајакнување на имуниот систем, секојдневното внесување на одредена група на намирници може значително да ни помогне во зајакнување на имунитетот и надминување на многу здравствени состојби.

Некои намирници кои може да ни помогнат го засилување на имунитетот се:

Храна богата со цинк – месо, мешунки, морска храна, семиња (сусам, тиква, сончоглед) јаткасти плодови (индиски ореви, ореви, лешници, бадеми),
– Житарици (овес, ориз, киноа),
Брокули кои се богати со Витамини А, Ц и Е, антиоксиданси и растителни влакна
Т. Н. Природни антибиотициЛук и кромид – поради богатството од цинк и корисни нутриенти, големо количество на витамин Ц во својот состав и Б витамини, играат значајна улога во зајакнување на имунитетот и во подобрување на целокупното здравје поради тоа препорачувам секојдневно да бидат застапени во исхраната.
– Уште една намирница која значително помага во многу состојби во организмот со своето инфламаторно и антиоксидативно дејство помага и во подобрување на имунитетот е ѓумбирот.
– Кефир е идеален ферментиран напиток за имуниот систем,содржи здрави пробиотски култури, добар е за дигестивното здравје и подобро варење на храната, поради содржината на триптофан го подобрува и расположението,
– Спанаќот кој е богат со есенцијални нутриенти: флавоноиди, каротеноиди, витамин Ц, Витамин е значително може да помогне во зајакнување на имунитетот,
– Риба -употребата на риба овозможува внес на омега 3-масни киселини на организмот му овозможуваат внес на селен, витамин 12, ниацин, фосфор, магнезиум, Б6 витамини, фолна киселина,витамин Д ( микронутритивен богат состав),
– Цитрусни плодови – тие се најголем извор на Витамин Ц, имаат антибактериско, антинфламаторно својство и клучна улога за зајакнување на имуниот систем.

емилија мојсова
фото: приватна архива

Дали има некоја група на храна на која треба да обрнеме повеќе внимание за да нè згрее?

– Секоја храна или намирница има своја улога и дејство во нашиот организам, покрај останатите дејства некои намирници преку нивното метаболизирање во нашиот организам постигнуваат процес на термогенеза со што го загреваат телото.

Некои намирници со кои може да се постигне овој процес се:

– Црвено месо, кое е богато со железо, еден од најважните минерали кој помага во транспорт на и кислород во крвта и Б12,
– Индиски ореви – со внесување на неколку јатки во текот на денот ќе му помогнеме на телото да се загрее и истовремено да си го зачуваме здравјто во текот на ладните денови со внесените нутриенти,
– Лута пиперка – содржината на растителни влакна, јаглехидрати, протеини и масти како и витамини и минерали и капсицин придонесуваат за загревање на телото, циркулација и зајакнување на имунитетот,
– Црн бибер – има корисен ефект врз циркулацијата на крвта, варењето на храна и го регулира метаболизмот,
– Куркума на кој главна состојка е куркумин – кој има анти воспалителни својства и се смета за еден од најсилните антибиотици,
– Ѓумбир – ја поттикнува циркулацијата, го храни организмот и го поттикнува ослободувањето на енергија, воедно ја поттикнува будноста и ја зголемува енергијата,
– Цимет – природен антиоксиданс кој го загрева телото, ја зголемува телесната температура, го зголемува протокот на крв и го поттикнува метаболизмот.

Слични објави

(Фото) Изгор скапо: Јелена Карлеуша како кралица во Дубаи, ужива во најскап ресторан

еспресо

(Фото) Сопругата на Канје Вест пак шокира: За 24 часа две „голи“ модни изданија

еспресо

Ќерката на Деми Мур и Брус Вилис ја потврди својата тешка дијагноза: „Тоа ми го промени животот“

еспресо

Астропрогноза за вторник, 19 март: Убави вести за Близнаците, исполнување на сонот за Скорпиите

еспресо

(Фото) Нова фотографија од „исчезнатата“ Кејт Мидлтон: „Дали навистина е Кејт?!“

еспресо

На седмо небо: Три хороскопски знаци ќе ја најдат судбинската љубов многу наскоро

еспресо
Се вчитува....