20:13 - 6 ноември, 2026

СУПЕРЖЕНА: Силните жени ги имаат овие 5 особини!

девојка жена дете девојче

Ако условот да сте „добра“ жена е да бидете несреќни, незадоволни и постојано некој друг да е приоритет, не ви треба тоа. Станете храбра и силна жена, подобро е за вас.

Барајте го тоа што го сакате и заслужувате

Истражувањето на „Harvard Business Review“ покажа дека само седум проценти од дипломираните студентки се обиделе да преговараат за плата со новите работодавачи, додека дури 57 проценти од мажите го направиле истото. Ова е доказ дека нема да го добиете она што го сакате и заслужувате доколку не го побарате тоа. Ако сакате да работите на нов деловен проект, прашајте го вашиот претпоставен дали можете да се придружите на тимот. Дали сакате покачување или бонус? Прашајте го вашиот шеф и наведете конкретни причини што го заслужувате.

Научете да кажете не

Нема ништо лошо во тоа да одбиете ако некој бара помош од вас. Не можете секогаш да кажете да. Ставете се себе, вашето здравје и благосостојба на прво место. Ако не го правите тоа, тогаш нема да можете да си помогнете себеси или на другите.

НАЈГОЛЕМАТА СЛАБОСТ НА ЧЕРЧИЛ: Која е љубовната приказна на Винстон и Клементин?

Кажете што мислите

Ако некој не ве почитува, не го игнорирајте тоа. Ако е груб, кажете му, затоа што ако не зборуваш, никој нема да те слушне. Поставете граници бидејќи во спротивно луѓето ќе продолжат да ги преминуваат. Бидете храбри, јасни и гласни.

Бидете непоколебливи

Не е грешно да се живее според сопствените правила, но верувајте во себе и бидете непоколебливи. Луѓето честопати се обидуваат да влијаат врз животот на другите луѓе, најчесто со коментар и преиспитување на нивните одлуки, особено ако се работи за „добра“ девојка. Заблагодарете им се за нивната „грижа“ и кажете дека сте донеле одлука за која сметате дека е соодветна за вас.

Не работете на ваша штета

Преобразбата од „добра“ во силна и храбра девојка не значи дека треба да станете груби. Продолжете да бидете културни и внимателни кон другите – но не на начин што ќе ви наштети.

НИВНАТА ЉУБОВ ТРАЕЛА 50 ГОДИНИ: Пол Њуман, Џоана Вудворд и писмото во кое се крие тајната за среќен брак

Слични објави

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо
Се вчитува....