05:19 - 9 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Спремајте се за плажа, новото лето доаѓа од…

– До крајот на денов времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во западните предели ќе има мали услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи, ни објаснува метео-прогнозерот Славчо Попоски.

Максималната температура ќе се искачува во интервалот од 21 до 28 степени, додека во Скопје максималната температура ќе се искачи до околу 26 степени.

Според Славчо, за време на викендот времето кај нас ќе биде сончево и топло со умерена, локално и повремено и позначителна облачност. Ќе има услови и за ретка појава на локален краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во попладневните часови.

– И за време на викендот ќе продолжи да дува слаб до умерен ветер од променлив правец.  Температурите ќе бидат релативно високи ( КАСНО ЛЕТНИ) и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 31 степен, нагласува Попоски и додава дека отсега гледано, УШТЕ ПОТОПЛО ќе биде следната седмица, кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....