8.8 C
Скопје
00:04 - 20 октомври, 2026

ВЕНЕЦИЈА 78. : Пристигнаа и вљубените птички – Џеј Ло и Бен Афлек ги собраа сите погледи

џенифер лопез бен афлек

Конечно и тие пристигнаа: Џеј Ло и Бен Афлек вчера пристигнаа на Лидо со моторен чамец, светнати од љубов и фатени за раце. 

Сите ги чекаа и конечно пристигнаа: Џенифер Лопез и Бен Афлек дојдоа на Фестивалот во Венеција. Афлек е особено очекуван и на црвениот теших, поради новиот филм во кој глуми.

џенифер лопез, бен афлек
Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

И нормално, кој ќе му прави друштво, ако не неговата сакана? Таа пак, го собра целото внимание облечена во модна комбинација со потпис на италијанското креаторско дуо Долче и Габана.

џенифер лопез, бен афлек
Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Вечерва ќе ги видиме заедно на црвениот тепих. А во меѓувреме, најзборуваниот пар на летото веќе покажа голема хармонија со размена на изливи на емоции и секогаш држејќи се за рака.

џенифер лопез бен афлек
Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

За разлика од партнерката, холивудскиот актер покажа многу едноставен моден изглед: неформален и опуштен стил во црна нијанса. Пејачката пак, ја видовме во фустан целосно дизајниран од бела чипка, потпишан од Валентино.

џенифер лопез, бен афлек
Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Не е првпат двајцата да ја изберат Италија за сценско покажување на нивната љубов. Двете вљубени птици, всушност, беа „уловени“ во текот на летото во италијанските најексклузивни одморалишта, од Портофино до Капри. И во сите тие прилики, Џеј Ло покажа совршена гардероба.

џенифер лопез, бен афлек
Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....