9.8 C
Скопје
23:35 - 19 октомври, 2026

Вкусови што се памтат: Посна македонска кујна – Тестенини со мед и ореви (РЕЦЕПТ)

YouTube

Божиќните пости кои траат 40 дена се голем предизвик како за верниците, така и за традиционалната македонска кујна. Традиционалното посно мени овојпат сакаме да го збогатиме со нови посни рецепти кои ќе бидат лесни за подготовка и вкусни за да уживате комплетно во постот.

Овој пат уживајте во еден поинаков тип на тестенини, слатки, а најважно од сѐ посни.

Состојки:

– 250гр. шпагети или макарони
– 50гр. сечкани ореви
– 4 лажици мед
– 2 лажици кафеав шеќер
– 4 лажици кокосово брашно
– 100гр посно чоколадо за готвење (по желба)

Подготовка:

Сварете ги шпагетите/макароните во вода во која ќе додадете и малку сол. Убаво исцедете ги и додека се топли додадете го медот и убаво промешајте ги во некој подлабок сад.

Во истиот сад потоа додадете го шеќерот, сечканите ореви и кокосовото брашно.

Посната чоколада стопете ја на пареа и прелијте ги макароните откако ќе ги сервирате во чинија.


Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....