23.8 C
Скопје
14:11 - 29 септември, 2026

Рецепт: Декомпониран чискејк од тиква

Состојки:
– 1 шолја шеќер
– ¾ шолјa брашно
– ½ лажичка сол
– 1 лажичка прашок за печиво
– 3 јајца
– 2/3 шолја пире од тиква

За кремот:
– 200 г крем-сирење
– 100 г стопен путер
– ванила
– прав шеќер
– малку сол

ПОДГОТОВКА:
Во голем сад ставете ги шеќерот, брашното, солта, прашокот за печиво, јајцата и пирето од тиква, па матете со миксер додека добиете хомогена смеса. Префрлете ја смесата во плех обложен со хартија за печење и ставете да се пече во рерна загреана на 175 степени. Во меѓувреме поставете кујнска крпа на работна површина и над крпата наросете шеќер во прав. Кога ќе се испече кората, префрлете ја на кујнската крпа, излупете ја хартијата за печење и завиткајте ја во ролат. Додека се лади, подгответе го филот – во голем сад со миксер изматете го крем-сирењето, путерот, со ванилата, малку прав шеќер и сол. Кога ќе се излади кората, одвиткајте ја, филувајте со кремот и посипете со прав шеќер уште еднаш.

Слични објави

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.

Ретко кој може да ѝ одолее на оваа феноменална пита со сезонско овошје

Т.Ц.

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.
Се вчитува....