11.8 C
Скопје
09:45 - 18 октомври, 2026

Вкусен ручек со богат вкус – Тестенини со зеленчук и павлака

Одличен предлог за ручек кој ќе му се допадне на секој член од семејството, подгответе го и уверете се!

Потребни состојки:

200-300 г сварени тестенини
3 пиперки во различни бои (жолта, зелена и црвена)
2 лажици масло за готвење
сол и бибер
мешан сув зеленчук
200 мл кисела павлака

Начин на подготовка:

Измијте ги пиперките и исечете ги на кругови. Во тавче загрејте го маслото и потоа ставете ги пиперките.

Додадете малку мешан сув зеленчук, а по десет минути додадете ги и тестенините. Ставете малку сол и бибер и лесно мешајте со дрвена лажица за тестенините да се запечат убаво.

Кога тестенините ќе добијат златно-жолта боја, тргнете ги од оган и оставете ги неколку минути да се оладат. Потоа додадете ја киселата павлака, убаво измешајте ги и послужете ги.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....