09:24 - 7 септември, 2026

Виенска штрудла со јаболка, рецепт кој ќе ве врати во детството

Еден од најпопуларните десерти кој можете да го најдете од северот до југот на Европа е штрудлата од јаболко.

Во продолжение, погледнете како да го направите рецептот за вкусната виенска штрудла која можете да ја послужите со шлаг или сладолед од ванила.

Потребни состојки:

• едно пакување готово тесто
• 1 кг. кисели јаболка
• 100 гр. шеќер
• 50 гр. растопен маргарин
• цимет
• малку рум
• суво грозје

Подготовка:

Тестото премачкајте ја со растопениот маргарин и на него наредете ги јаболката кои претходно сте ги излупиле и исецкале на коцки со големина од еден центиметар.

Врз нив наросете шеќер, цимет и суво грозје кое претходно сте го натопиле во рум. Замотајте го тестото во ролат, нежно направете дупчиња со помош на вилушка и ставете го во намастена тава.

Печете во загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу половина час до 40 минути, додека тестото не добие златна кора. Оставете малку да се излади, исечете неколку парчиња, наросете со шеќер во прав и послужете со шлаг или сладолед од ванила.

Совет плус: доколку не сакате цимет или суво грозје, можете да додадете сецкани ореви, бадеми или други јаткасти плодови по ваш избор.

Слични објави

Полнет модар патлиџан на турски начин

Т.Ц.

Манастирот „Св. Никита“: Седум века историја, прочуени зографи и камен за кој се верува дека исполнува желби

Т.Ц.

Заветот на овчарот – зошто секоја година се дава ручек во Скребатинскиот манастир на празникот Голема Богородица

Еспресо

Легендата за „Трескавец“ – манастирот што „сам“ го избрал своето место

Т.Ц.

Авантурата на Иван и Спасе – од Радовиш со стар автомобил до луксузот во Монте Карло

Еспресо

Сите очи вперени кон Сонцето: При затемнувањето птиците престануваат да пеат, животните се однесуваат чудно

Еспресо
Се вчитува....