20.8 C
Скопје
14:32 - 22 октомври, 2026

Супервкусен колач со вишни и банани

Израдувајте ги домашните со овој лесен, едноставен и вкусен домашен колач.

Потребни состојки:

4 јајца

5 лажици брашно

3 лажици презла

2 банани

2 лажици мед

2 лажици кокосово масло

1 лажица прашок за пециво

150гр. кисело млеко

300гр. вишни

Начин на подготовка:

Одвојте ги белките од жолчките. Белките матете ги до цврст снег. Во друг сад жолчките матете ги заедно со изгмечените банани и јогуртот. Додадете го брашното, пецивото, медот и кокосовото масло, матете се додека да добиете хомогена смеса.¨Постепено додадете го и снегот од белки.

Смесата истурете ја во тава за печење бр. 20 обложена со хартија. Исчистените вишни се распоредуваат врз тестото, доколку се смрзнати, најпрвин одмрзнете ги и оставете ги во цедалка половина час да се исцедат. Се пече на 180 степени 25 минути.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....