04:05 - 9 ноември, 2026

(РЕЦЕПТ) НАТАША НИ НАПРАВИ ТАРТ СО ТИКВИЧКИ: Посна, здрава и вкусна идеја за ручек или вечера

наташа мустафа

На голема радост на сите вас – почнавме уште една прекрасна соработка со готвачка за која готвењето е уметност – Наташа Мустафа.

Оваа врвна креативка во кујна своите маестрални рецепти ги објавува на својот инстаграм-профил, а сега вкусните рецепти ги доближуваме и до вас!

(РЕЦЕПТ) НАТАША НИ НАПРАВИ ШАКШУКА: Вратете го вкусот на летото на вашата трпеза!

„ЉУБОВТА КОН ГОТВЕЊЕТО ЈА НАСЛЕДИВ ОД ДВЕ ПРЕКРАСНИ ЖЕНИ, ИЗВОНРЕДНИ ВО КУЈНА, МАЈКА МИ ЗОРЕ И БАБА МИ РАДА. ГОТВЕЊЕТО МЕ ОПУШТА И ПРЕКУ НЕГО ЈА ИЗРАЗУВАМ МОЈАТА КРЕАТИВНОСТ. ГОТВАМ, СЕРВИРАМ, ФОТОГРАФИРАМ.ТОА Е МОЈ НАЧИН ДА ЈА РАСКАЖАМ ПРИКАЗНАТА И ПРЕНЕСАМ ПОРАКАТА ДЕКА ГОТВЕЊЕТО Е УМЕТНОСТ“, НИ ОТКРИВА НАТАША.

Овој петок Наташа со сите вас споделува интересна идеја за ручек или вечера – тарт со тиквички. Посно, здраво, вкусно.

„Идеален доколку постите, водите здрав живот, пазите на линија… Ако конзумирате исхрана без глутен, без лактоза или не јадете месо… Од мода, здравствени причини, оти така ви се сака и слично. Овој тарт е за сите вас“, порачува нашата драга Наташа.

тарт тиквички
Фото: Приватна архива

Потребни состојки:

Кора:

  • 200 гр овесни снегулки
  • 1 лажица сончоглед
  • 1 лажица семки од тиква
  • 1 лажица мелено ленено семе
  • 1 лажица маслиново масло
  • чаша вода
  • сол

*Од состојките правите смеса и ја распоредувате во намрсено тарт тавче…

Фил:

  • тиквичка
  • 2 моркови
  • пола главица кромид
  • зачини по желба

*Филот го распоредувате над смесата…

Сос:

  • 100 гр индиски ореви (претходно стоени во вода неколку часа)
  • лук
  • магдонос
  • сол
  • маслиново масло
  • малку вода

Сè блендирате. Полевате над филот…

На здравје!

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....