4.8 C
Скопје
07:43 - 20 октомври, 2026

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Направете ги највкусните чоколадни трафлс – се топат во уста!

готвиме со теа

Нашиот тим започна убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

Теа денес ни ги направи највкусните чоколадни трафлс кои се топат во уста! Веруваме дека долго време не сте пробале нешто толку вкусно и кремасто. А, добрата страна на овој рецепт, како што вели Теа е што се здрава варијанта на благо.

Потребни состојки:

  • 250 гр чоколадни капки
  • 100 мл кокосово млеко
  • 30 гр какао
  • 1 лажичка ванила екстракт (опционо)

Начин на подготовка:

Кокосовото млеко загрејте го на тивок оган и во него додадете ги чоколадните капки. Мешајте постојано за да не ви загори, додека целосно да се стопат чоколадните капки. Оваа смеса ставете ја во фрижидер да се излади најмалку 3 часа. Откако ќе се со влажни раце формирајте бомбици и извалкајте ги во какао. Најдобро е да ги чувате во фрижидер во кутија со капак за да не омекнат.

На здравје и уживајте во овој незаменлив кремаст вкус!

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....