30.4 C
Скопје
16:20 - 10 јули, 2026

УТРЕ ВО КУРШУМЛИ АН: ПичПрич на тема Љубовни писма

Заокружете си го датумот 02.10. во 20 часот во Крушумли ан. 

ПичПрич, иницијатива за промовирање на женската усна историја, ве поканувa на својата традиционална гала вечер каде што ќе раскажуваме за еден од најстарите и најтрадиционалните начини на додворување – љубовните писма. Овогодишната тема на ПичПрич галата ќе го стави во фокус овој вид на комуникација, како и формите што ги добива низ дигиталната ера. Низ оваа призма ќе го разгледаме прашањето за согласноста, како и начинот на кој односите на моќ и доминација се провлекуваат низ ваквиот тип на изразување љубов во писмена форма.

Од несмасни и скромно срочени реченички, до претенциозни висини на поетскиот израз, љубовните писма се насекаде и вешто се трансформираат и на интернет. Дали ова значи дека содржински се менуваат или едноставно се дигитализираат ќе слушнеме од нашите раскажувачки.

Во сабота (2 октомври), со почеток од 20 часот, во дворот на „Куршумли ан“ раскажувачки ќе споделат приказни за највпечатливи љубовни писма коишто ги добиле или пак некому ги напишале. Настанот ќе го модерираат Румена Бужаровска и Ана Василева, а приказните ќе ги раскажуваат: филмската критичарка и новинарка Марина Костова, топ моделот Катарина Ивановска, новинарките Сашка Цветковска и Ивана Смилевска, колумнистка на феминистички текстови Елена Гаговска и Маја Казакова – радио водителка.

ПичПрич ќе ги следи сите актуелни мерки за здравствена заштита и според тоа ќе може да се присуствува само со сертификат за извршена вакцинација, односно применa најмалку една доза вакцина или сертификат за прележан ковид во изминатите 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за сите лица над 18-годишна возраст. Влезот на настанот е бесплатен, но бројот на места ќе биде ограничен и нема да може да се резервира однапред.

По настанот се упатуваме кон Ла Кања во Стара скопска чаршија, да се освежиме со диџеј сетот на Мартина Пенева.

Овој настан се реализира во соработка помеѓу ПичПрич и Тиииит! Инк. и со поддршка од Фондацијата Квина тил Квина.

 

Слични објави

„Многу ми е жал…“: Прво огласување на Мина Костиќ по пеколот низ кој помина и сместувањето во психијатриска клиника

Еспресо

Босна и Херцеговина нема да настапи на Евровизија ни во 2027 година

Еспресо

(Фото) Му прекипе на Бајага — го навреди следбеникот со „примитивен коњ“ по жестока расправија на Инстаграм

Еспресо

Соседите на Јаков Јозиновиќ го „разврзаа“ јазикот за младиот пејач: „Тој отсекогаш беше…“

Еспресо

(Фото) Анѓелка Стевиќ Жугиќ во љубовен занес со сопругот – не може да ја сокрие среќата

Еспресо

(Фото) По ослободителната пресуда, Северина се појави во бикини на плажа во Сплит

Еспресо
Се вчитува....