8.8 C
Скопје
01:09 - 18 октомври, 2026

Посни колачиња – лубеничиња

Потребни состојки за подготовка на посните колачиња – лубеничиња:

– 200 гр шеќер
– 8 лажици вода
– 125 гр посен маргарин
– 100 гр мелени ореви
– 100 гр мелени посни бисквити
– чоколадо за готвење
– црвена и зелена прехрамбена боја за колачи

Подготовка:

Ставете го шеќерот во вода на оган, додадете го маргаринот, па кога ќе се стопи додадете ги и оревите и бисквитите.

Се добро помешајте, па кога малку ќе се олади во еден дел од смесата додадете зелена боја, а во другата црвена (може и екстракт од јагоди или малини).

Од црвениот дел направете 8-10 топчиња (зависи колкави лубенички сакате), а од зелениот дел правете облик на плескавички, па на нив ставете по едно топче и убаво обвиткајте ги и оставете ги да се исушат.

Откако ќе се исушат сечете ги на четири кришки и на секоја кришка ставете по некоја точка од стопеното чоколадо (со цел да ги нацртате семките од лубеница).

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....