19.8 C
Скопје
17:23 - 22 октомври, 2026

Кинеска супа со јајца (РЕЦЕПТ)

Оваа супа има лесен и освежувачки вкус, а најдобра е кога се служи топла.

Потребни состојки:

Еден литар пилешка супа без тестенини
Мала чашка соја сос
Една лажичка ѓумбир во прав
Две лажички густин
Две јајца
Два млади кромида
Сол и бибер

Подготовка:

Во пилешката супа додадете го соја сосот и ѓумбирот и оставете да зовирие. Густинот измешајте го со малку ладна вода и ставете го во супата.

Откако смесата убаво ќе зоврие, изматете ги јајцата. Исклучете ја ринглата и полека, со мешање само во една насока, додадете ги изматените јајца во супата.

Зачинете и додадете го ситно исецканиот млад кромид.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....