21.8 C
Скопје
08:59 - 9 септември, 2026

Ќе сакате репете: Крем-супа од праз готова за 30 минути!

Состојки:
  • 400 г праз
  • 200 г компир
  • 1 чешне лук
  • 1 литар бујон
  • 50 мл слатка павлака
  • сол
  • бибер
  • мајчина душица
  • путер
Приготвување:
  • Добро измијте го и исечкајте го празот.
  • Динстајте го сечканиот праз и лукот на путер, но внимавајте да не ви загори лукот.
  • Посолете, зачинете со бибер и додајте мајчина душица.
  • По пет минути, кога празот термички ќе се обработи, додајте бујон, па компир, кој сте го излупиле и исечкале на мали коцки.
  • Оставете да се вари додека компирот омекне.
  • Кога компирот ќе биде сварен, тргнете ја супата од рингла.
  • Со миксер изматете го зеленчукот за да добиете густа супа, па вратете ја на тивок оган.
  • Додајте павлака, па оставете ја да се загрева уште само 1-2 минути.
  • Супата можете да ја послужите и со лажичка кисела павлака.

 

Слични објави

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Необичен но вкусен рецепт: Печени тиквички со леб

Т.Ц.

5 совети кои треба да ги имате на ум кога купувате домати

Т.Ц.

Полнет модар патлиџан на турски начин

Т.Ц.

Манастирот „Св. Никита“: Седум века историја, прочуени зографи и камен за кој се верува дека исполнува желби

Т.Ц.

Заветот на овчарот – зошто секоја година се дава ручек во Скребатинскиот манастир на празникот Голема Богородица

Еспресо
Се вчитува....