10.8 C
Скопје
00:44 - 3 октомври, 2026

Бухтла со сирење и кајмак мека како памук

Колку пати од нешто што е слатко сте помислиле дека е солено или обратно…

За подготовка на памук мека бухтла со сирење и кајмак потребно ви е:

  • 200 мл млеко
  • 450 грама брашно
  • 1 јајце
  • 50 грама растопен путер
  • 20 грама квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • малку сол

За филот ви е потребно:

  • 250 грама сирење
  • 2 лажици кајмак или павлака
  • 1 белка

За премачкување:

  • 1 жолчка

Подготовка:

Растопете го квасецот со шеќер во млако млеко, додадете масло, растопен путер, брашно и сол, па замесете глатко тесто. Оставете го покриено 30 минути да нарасне.

На сирењето додадете го кајмакот или павлаката и белката, па изедначете.

Тестото растегнете го со дебелина од половина сантиметар, исецкајте го на квадрати, додадете лажица сирење и соберете ги сите краеви од сите страни.

Оставете ја 20 минути да се одмори, па печете ја на 200 степени околу 30-40 минути.

Потоа покријте ја со крпа и оставете ја така да се олади.

Слични објави

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.

Ретко кој може да ѝ одолее на оваа феноменална пита со сезонско овошје

Т.Ц.

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.
Се вчитува....